Небесен град на иднината во форма на лотосов цвет

Небесен град на иднината во форма на лотосов цвет

Преголемата населеност во градовите, загадувањето, нечистотијата и проблемите со изворите на енергија се предизвици кои пред архитектите поставуваат нови задачи. Во еден од обидите да се разрешат овие проблеми, бугарскиот архитект кој живее и работи во Лондон, Цветан Тошков, го дизајнирал концептот City in the Sky.Небесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНеговата замисла за небесен град има форма на лотосов цвет. Тошков бил инспириран од ова растение затоа што тоа успева да остане на површината на матната вода, а при тоа да ја задржи својата совршена чистота, што всушност е и целта на неговиот проект. Тој него го опишува како „имагинарна мирна оаза над супер развиен и загаден град каде што секој ќе може да побегне од секојдневната бучава, стресот и нечистотијата“. Овој град претставува идеален спој на природни пејзажи и модерна архитектура.Небесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесниот град првично бил замислен како дел од еден поголем проект наречен Мегатрополис кој подоцна бил откажан. Тошков сепак останал упорен во својот обид да ја истурка својата замисла до крај, а ова е резултатот од неговиот труд.Небесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цвет



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар