Не се должи само на староста: 4 причини зошто побелува вашата коса
Порано или подоцна, вашата коса ќе почне да побелува, а првите седи влакна можете да ги забележите и во 30-тите години. Една од причините е генетиката, односно, влакната ви побелуваат во времето кога истото им се случило и на вашите родители. Но, доколку порано се соочите со оваа појава, тогаш тоа може да се должи и на други фактори. Во продолжение погледнете дел од нив.
1. Стрес
Многу експерти веруваат дека постои врска помеѓу стресот и седите влакна. Во 2013 година Универзитетот во Њујорк објавил студија каде што е објаснето дека глувците добиваат седи влакна токму поради стресот. Иако нема многу докази за оваа теорија, постојат многу анегдоти кои ја потврдуваат.
2. Имате здравствени проблеми
Во ретки случаи, седата коса е поврзана со здравствени нарушувања, како што се на пример проблемите со тироидната жлезда. Болестите кои ги напаѓаат косата и кожата, како што е витилигото, се исто така едни од причините.
3. Имате недостаток на витамини
Особено кога станува збор за витаминот Б12, а тоа може да се случи доколку сте веган, вегетаријанец или користите контрацепциони таблети. Ако ова е причината за седите влакна, тогаш тоа е поврзано со вид анемија, затоа што вашето тело не прима доволно витамин Б12.
4. Пушите
Пушењето може во голема мера да ѝ наштети на вашата кожа и коса. Постои истражување кое ја покажува поврзаноста на пушењето и седата коса, а повеќето пушачи имаат и брчки.
Па, доколку видите дека рано ви се појавуваат бели влакна, а тоа не било случај и во вашето семејство, тогаш треба да посетите лекар и да ја откриете вистинската причина за оваа појава.