Не размислувајте, дозволете ѝ на интуицијата да ве води: Која слика прва ви падна во очи?
Овој едноставен, симпатичен и исклучително забавен тест ќе ви покаже каква личност сте, односно како ве доживува околината и како влијаете на луѓето околу вас. Доволно е само да го погледнете колажот и да ја издвоите првата слика што ќе ви падне во очи, односно што ќе ве привлече доволно за да ви го задржи погледот на неа. Не размислувајте, дозволете ѝ на интуицијата да ве води…
Слика број 1
Вие сте интелектуалци, перфекционисти и обожавате контрола. Не сте премногу отворени кон луѓето што не ги познавате доволно добро и прилично сте резервирани. Поголемиот дел од своите емоции ги задржувате за себе. Сакате самотија, како и да седите во тишина, покрај музика и личноста што ја љубите. Силни сте и стабилни и не носите избрзани одлуки.
Слика број 2
Вие сте исклучително самостојни и имате силен карактер. Непоколебливи сте, како и храбри и одлични. Успешни сте во сè што правите, многу сте амбициозни и професионални. Имате стратегија и тактика за скоро секоја животна ситуација. Понекогаш сте ладни, но имате и исклучителна контрола над себе и не дозволувате да влегувате во конфликти. Вие сте родени лидери.
Слика број 3
Импулсивни сте и често си дозволувате да ве поведат емоциите. Прилично сте креативни и имате сјајни идеи. Се трудите секојдневно да си создадете авантура што ќе ја помните. Обожавате да флертувате и да ги заведувате луѓето околу себе. Отворени сте, понекогаш дури и ексцентрични, па поради тоа вашето однесување понекогаш ја збунува и ја шокира околината.
Слика број 4
За вас велат дека летате во облаци и дека повеќе сте на небо отколку на земја. Обожавате да сонувате и мечтаете за некои други светови и реалности. Многу сте харизматични и често сте насмеани. Обожавате да се дружите со најблиските, а вашата околина ве доживува како забавна личност што ги развеселува сите околу себе.
Слика број 5
Вашето присуство не може да помине незабележано. Кога ќе влезете во некоја просторија, енергијата одеднаш се менува. Навикнати сте да бидете центарот на вниманието, а тој дар знаете добро да го искористите. Уживате да заведувате, но сакате и кога вам ве заведуваат и ви подаруваат внимание. Лесно се заљубувате и сè што правите, го правите со страст! Не поднесувате шаблони и рутини, ниту пак премногу практични луѓе што не го користат срцето. Вашето животно мото е: „Љубовта е сè што ни е потребно.“
Слика број 6
Вие сте одговорни личности на кои секој може да се потпре. Луѓето генерално имаат доста доверба во вас и често ви доверуваат сериозни задачи знаејќи дека можете да ги завршите онака како што тие ги замислиле. Околината лесно ви се доверува, но вие личност сте малку мистериозни. Сакате да им угодувате на другите, постојано се смеете и обожавате да се дружите.
Слика број 7
Вие сте достоинствени и настроени кон уметноста, но често бегате во сопствен свет и тежнеете кон духовност. Обожавате музика, книги и филозофски го анализирате животот. Често ја гледате „поголемата слика“, но исто така и забележувате детали што другите не можат да ги видат.
Слика број 8
Вие сте ексцентрични и необично креативни. Ретко кој може да ве следи, но оние што ќе ве прифатат – ве обожаваат! Сè што правите, го правите на сопствен и карактеристичен начин, поразлично од другите. Уживате да ја изразувате креативноста во сите сегменти на својот живот. Иако сте различни, сјаете со харизма и позитивна енергија па затоа и сите сакаат да бидат во ваше присуство.
Слика број 9
Вие сте перфекционисти во умерена смисла. Сакате да им угодувате на другите, без какви било задни намери. Имате добра душа и големо срце. Романтични сте во љубовта, но понекогаш премногу очекувате од партнерот па може да се случи да се разочарате. Оваа карактеристика знае понекогаш и да ви предизвика меланхолија.
Погледнете го и овој тибетски тест на личноста: Пред да го решите замислете желба!