Не постојат грешки, туку само лекции: 10 златни животни правила

Не постојат грешки, туку само лекции: 10 златни животни правила

Учењето е еден непрекинат процес кој започнува од денот кога се раѓаме и паралелно нè следи како што растеме и се развиваме понатаму. На овој животен пат се сочуваме со предизвици, но и со шанси за кои само ние одлучуваме дали ќе ги прифатиме или не. Сите овие предизвици и шанси носат бројни лекции кои со тек на време ќе ги научиме и ниту една од нив не е помалку важна од другата. Ова се 10-те златни животни лекции.

Не постојат грешки, туку постојат лекции – 10 златни правила на животот

1. Ќе го добиете она тело кое ви одговара

Можеме да го сакаме или да го мразиме, но тоа ќе биде со нас целиот наш живот.

2. Лекциите се насекаде околу вас

Секој од нас е редовен студент на неофицијалното училиште кое се вика Живот. Во него, секојдневно ќе имаме шанси да учиме одредени лекции. Ние избираме кои ќе ги учиме, кои ни се допаѓаат, а кои ќе ги класифицираме како неважни.

3. Не постојат грешки, туку само лекции

Растот и развивањето е процес на експериментирање кој е проследен со многу обиди и грешки. Неуспешните експерименти се исто толку важен дел од овој процес како и оние кои успеале.

4. Лекцијата се повторува сè додека не се научи

Лекцијата доаѓа во различни форми и облици сѐ додека не ја научиме. Во оној момент кога ќе ја научиме и разбереме, можеме да преминеме на следната.

5. Учењето никогаш не запира

Не постои период од животот кој нема своја лекција. Ако сме живи и ако вистински живееме, тогаш има и некоја лекција која треба да ја научиме.

6. „Таму“ не е подобро од „тука“

Кога нашето „таму“ ќе стане нашето „тука“, ќе се појави некое друго „таму“ кое повторно ќе изгледа подобро од моменталното „тука“. Токму затоа и треба да се фокусирате на тоа што во овој момент го имате и неизмерно да го цените.

7. Ќе се огледате во другите

Нам не ни се допаѓа одредена карактерна црта кај другите луѓе само доколку истата ја мразиме и кај себе. Никогаш не го заборавајте тоа.

8. Првенствено од вас зависи каков живот ќе водите

Ние ги поседуваме сите способности и особини кои ни се потребни. Од нас зависи како ќе ги употребиме – изборот е само наш.

9. Решението е во вас

Одговорите на животните прашања лежат во нас. Потребно е само да ги вклучиме сетилата, да гледаме, да слушаме и да веруваме. Со доволно трпение, ќе откриеме сè што ни е потребно.

10. Ќе заборавите сѐ што досега прочитавте.

Колку и да се трудите, вие нема да го запомните ова. Барем не на свесно ниво. Но, тоа не значи дека овие животни лекции нема да ве водат кон вистинската насока.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар