Не можете ни да замислите што сè пишуваат луѓето во своето CV
Кога станува збор за аплицирање за работа, вашето CV или резиме е едно од главните нешта кои можат да ве издвојат од толпата. Откако ќе го испратите, тоа треба да има моќ да го импресионира оној кој го чита и да го натера да ве повика на интервју. Имајќи го тоа на ум, дали знаете кои се најглупавите нешта кои луѓето ги ставиле во своето CV? Погледнете ги следниве ужасни моменти кои дефинитивно не треба да бидат дел од вашето резиме доколку сакате да ве вработат…
1. Еден апликант тврдел дека е добитник на Нобелова награда.
2. Апликант нагласил во своето CV дека случајно било отпуштен од претходната работа.
3. Апликант тврдел дека бил поранешен извршен директор во фирмата каде што аплицирал за работа.
4. Апликант оставил линк до својот личен веб-сајт кој водел до сајт за порнографија.
5. Личниот имејл на еден апликант бил следниов: „2POOPY4MYPANTS“.
6. Апликант тврдел дека работел во затвор, но тој всушност бил осуден и затворен во текот на наведеното време.
7. Историјата на еден апликант покажувала дека тој работел на 3 различни места во 3 различни градови истовремено.
8. Некој човек испратил 3Д испечатена глава со слоганот: „Мала глава, големи идеи“. Тој се надевал дека моделот од неговата глава ќе може да го привлече вниманието на неговите идни надредени.
9. Апликант заедно со своето CV испратил и епрувета со крв, тврдејќи дека ќе „поти крв“ додека работи за нив.
10. Во едно CV под едукација било наведен завршен курс за: „Како да бидете трпеливи покрај нетрпелив шеф“.
11. Еден искрен човек во своето CV напишал дека бара постојано работно место за да излезе од долгови.
12. Апликант навел дека има одредено искуство во областа за која аплицира за работа, но дека тоа било пред 20 години.