Не можете да им одолеете: Ова се најубавите кучиња на светот
Секое куче е убаво на свој начин и секое куче му е најубаво на својот сопственик, но според кинолошките експерти, ова се 10-те најубави раси кучиња во светот:
1. Далматинец
View this post on Instagram
Далматинците се кучиња со средна големина и поради црните точки, тие се едноставно неодоливи. Тие припаѓаат на групата многу интелигентни кучиња и се заштитнички настроени кон сопствениците.
2. Акита
View this post on Instagram
Акита е големо куче кое е многу мило иако неговиот изглед не го открива тоа. Тоа е исклучително силно, брзо и подвижно куче. Тивко е и ретко лае. Исклучително е чисто, дури и го чисти лицето по јадењето, а ако е здраво, нема силен мирис. Тој е интелигентно, храбро и хиперактивно.
3. Померанец
View this post on Instagram
Ова крзнено милениче има прекрасно влакно и лице. Тоа е пријателски настроено, паметно и многу енергично, па ако го имате ова куче, никогаш нема да ви биде здодевно.
4. Мопс
View this post on Instagram
На ова куче е тешко да му одолеете. Тоа се смета за едно од најслатките и најсимпатичните кучиња. Иако повеќето луѓе го купуваат ова куче поради неговата мирна природа и очекуваат да спие и да се гушка цел ден, по неколку часа поминати со него, тие ќе сфатат дека ова е сосема друго куче. Тоа е исклучително активно и разиграно, па затоа ќе игра цел ден и ќе го бара вашето внимание.
5. Самојед
View this post on Instagram
Овие кучиња се препознатливи по снежно-белата боја на крзното, кое е густо и има два слоја. Тие се многу лојални и пријателски настроени, особено кон децата. Самоједот е едно од ретките кучиња што не предизвикува алергии, така што може да го чуваат и луѓе кои се алергични на влакна.
6. Ших Цу
View this post on Instagram
Ова мало куче е идеално милениче кое многу лесно се навикнува на нови сопственици, а особено ги сака децата и друштвото на други кучиња.
7. Малтешка пудла
View this post on Instagram
Малтешките пудли имаат меко, долго, бело и свилено влакно, црна муцка и длабоки црни очи. На неговото крзно може да има траги од бледа портокалова нијанса. Иако изгледа симпатично како плишана играчка, тоа е разиграно и храбро и сака деца.
8. Сибирски хаски
View this post on Instagram
Овие кучиња се многу убави, а привлечни се и поради нивната единствена природа, што претставува мешавина од релаксација и спортски дух. Сибирските хаски се разиграни кучиња што ќе се дружат со сите, па затоа и не се многу добри кучиња чувари. Тие се најсреќни кога се со членовите на своето семејство и како дел од група. Исто така, тие се одлично друштво за трчање бидејќи им треба редовна физичка активност и движење.
9. Златен ретривер
View this post on Instagram
Мирни и нежни по природа, овие кучиња фантастично се сложуваат со возрасните, со децата и со другите домашни миленици.
10. Бернардинец
View this post on Instagram
Овие кучиња знаат да бидат тврдоглави и посесивни, но никогаш нема да одат во крајности, се додека се соодветно дресирани. Иако не е расположен за играта, бернардинецот се сложува со децата, но поради неговата големина, треба да бидете претпазливи кога е во друштво на мали деца со цел да спречите каква било можна незгода.
Слушнете ја оваа божиќна песна за кучиња што предизвикува интересни реакции.