Не игнорирајте ги: 5 знаци кои покажуваат дека вашето куче се плаши

Не игнорирајте ги: 5 знаци кои покажуваат дека вашето куче се плаши

Кучињата чувствуваат страв, нервоза и неудобност, исто како и луѓето. Со својот говор на телото, вашиот миленик ќе ви каже кога се чувствува така, а стравот кај кучињата ќе го препознаете по овие 5 знаци.

Не игнорирајте ги: 5 знаци кои покажуваат дека вашето куче се плаши

1. Кучето ја повлекува опашката или ја свиткува помеѓу нозете

Ова е знак дека кучето е исплашено, дека се плаши од болка или дека не се чувствува удобно. Доколку не забележите некои очигледни знаци на загриженост, а вашето куче често ја става опашката помеѓу нозете, би требало да го однесете на ветеринар.

2. Ушите на кучето му се спуштени покрај главата

Ако кучето ги спушти ушите и ги приближи до главата, тоа може да значи дека се плаши од луѓето кои му се во близина, но исто така со овој говор на телото кучињата може да реагираат и на луѓе кои не ги познаваат. Понекогаш може да го спушти само едното уво, а најчесто тоа е левото.

3. Кучето постојано се проѕева

Честото проѕевање значи дека кучето е напнато и нервозно. Малите кучиња честопати се проѕеваат кога се опкружени со големи, непознати кучиња. Но, доколку се проѕева веднаш откако вие ќе го направите тоа, ова значи дека кучето е многу поврзано со вас.

4. Кучето си го лиже лицето кога не е топло и дише забрзано

Кога не е топло, а кучето ги лиже усните и носот, тоа исто така е знак дека е напнат и дека чувствува опасност. Исто така тој би требало побрзо да дише кога му е жешко, па затоа, доколку забележите дека го прави ова кога температурата не е висока, најверојатно се плаши од нешто. На пример, доколку кучето го сака својот ветеринар, но не и прегледите, тоа истовремено ќе мавта со опашката и забрзано ќе дише, сѐ додека не го одведете, а ова може да ви открие дека кучето е и возбудено и нервозно или дека се плаши. Смирете го со тивок глас и топли физички допири.

5. Кучето нервозно оди или трча

Како и луѓето, така и кучињата го користат одењето од едно до друго место за да се ослободат од напнатоста која ја чувствуваат поради одреден страв. Обрнете внимание доколку вашето куче не сака мирно да седи или ако нервозно се движи, затоа што со ова може да ви каже дека се плаши од нешто.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар