Не грижете се, не сте единствените кои ги практикуваат овие чудни нешта

Не грижете се, не сте единствените кои ги практикуваат овие чудни нешта

Секој има свои карактерни особини и различно однесување. Но, ако мислевте дека вие сте единствените коишто имаат чудни навики, не грижете се, изгледа дека повеќето луѓе секојдневно прават чудни работи. Во продолжение погледнете дали ќе се препознаете во дел од нив.

1. Се чувствувате лошо поради облеката којашто сте ја купиле, а не ја носите

Секој има барем едно парче облека коешто не го носи и веќе претставува само обична декорација на плакарот. Сигурно повеќето од вас сте се чувствувале виновни поради тоа што сте потрошиле еден куп пари, а таа облека никогаш не сте ја носеле. За да се оправдате, подарете ја облеката некому кому вистински му е потребна.

2. Проверувате дали има чудовишта позади завесата во туш кабината

Иако повеќето нема да признаат, многу од луѓето проверуваат дали позади завесата во туш кабината има чудовишта, демони, вампири, сериски убијци или какви било други суштества коишто нанесуваат зло. А и обратно. Кога се тушираат проверуваат дали однадвор ги чека некој. Доколку и вие се пронајдовте овде, подобро наредниот пат отстранете ја завесата и така барем ќе можете да видите дали некој доаѓа, иако сепак нема да бидете во можност да избегате.

3. Проверувате дали има чудовишта во шкафовите

Изгледа дека туш кабината не е единственото место каде што може да се кријат чудовишта. Многумина проверуваат дали духовите и другите суштества се наоѓаат на местото каде што се чува облеката.

4. Морате да се движите додека зборувате на телефон

Ова е навика на многумина, а движењето исто така е придружено со одредени мимики и гестови. Можеби вашиот соговорник нема да ве види, но сигурно ќе го почувствува тоа.

5. Вежбате говор пред огледалото којшто никогаш нема да го изведете пред луѓе

Кога ве очекува некој важен настан, сигурно сакате да се покажете во најдобро светло. Тогаш, речиси секој го вежба својот говор пред огледалото, притоа согледувајќи ги своите движења и изрази.

6. Се правите дека сè е во ред кога сте ја погрешиле насоката

Иако сте го погрешиле правецот на движење, вие сепак се правите како ништо да не се случило и се однесувате нормално.

7. Барате нешто интересно да гледате на телевизија пред да седнете да јадете

Повеќето сакаат да имаат друштво додека јадат, но доколку тоа не е возможно, тогаш тука е телевизорот.

8. Замислувате дека тајмерот од микробрановата е бомба

И се преправате дека секоја секунда може да експлодира. Забавно!

9. Проверувате дали имате моќ на телекинеза

Којзнае, можеби би можеле да си го доближите до вас далечинскиот управувач без да станете!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар