Не е сè во физичката убавина: Овие особини го докажуваат тоа
Вие сте убави и изгледате така, но знаете како велат – не е сè во физичката убавина. Постојат уште многу други ваши особини и карактеристики што ги привлекуваат мажите повеќе отколку вашиот изглед. Овие особини го докажуваат тоа.
1. Вашата лидерска способност. Вие не се срамите да му покажете на светот кои сте и што сте. Останатите со задоволство ги следат вашите ставови и идеи.
2. Вашиот карактер. Можеби имате тотална опсесија кон уметноста, а на другите тоа не им изгледа интересно. Не срамете се, ова е дел од вашиот личен карактер и она што ве прави поразлични од останатите.
3. Вашата самодоверба. Вие совршено ги знаете сите ваши физички недостатоци, но нема да дозволите тие да ве спречат да ги облечете омилените фармерки. Вие вредите многу повеќе од еден конфекциски број.
4. Вашиот интерес за спортување. Без разлика дали станува збор за обично трчање низ соседството, вашиот интерес за практикување здрав живот и одржување здраво тело е причина плус за момците да ве обожаваат.
5. Вашата смисла за хумор. Јасно е дека не секој ја има таа дарба да биде врвен комичар, но вашата смисла за хумор и способноста да се смеете на едноставни мали работи е голем плус во вашиот карактер.
6. Вашето срце. Во минатото многупати сте биле изневерени, оставени, повредени, но и покрај сè, вие повторно наоѓате љубов за вашето семејство, пријателите, новото момче…
7. Вашите цели. Сите ваши цели кои сте ги поставиле се значајни. Без разлика дали тие ќе направат голема или мала промена во вашиот живот. Исполнувањето на сопствените цели е нешто за восхит.
8. Вашата сексуалност. Вие сте живо суштество. Нормално е да имате желба за секс. Не срамете се од тоа.
9. Вашето трпение. Можеби е потребно подолго време додека го запознаете оној Вистинскиот или пак за да успеете во вашата работа од соништата, но вие немате ништо против тоа. Животот е патување и сè што се случува по пат е важно.
10. Вашиот стил. Како се облекувате, како го одржувате вашиот стил, како се однесувате – сето ова покажува една слика за вас. Луѓето коишто не ве познаваат донесуваат заклучоци според неа.
11. Вашата чувствителност. Можеби однадвор изгледате самоуверено и силно, но вие самите знаете дека однатре сте чувствителни и понекогаш не знаете како да го контролирате тоа. Вообразеноста е единствениот начин да се справите со останатите.
12. Вашата независност. Вие сакате да бидете во врска, но не сакате таа ве дефинира. Вие ги правите оние работи кои ги сакате без разлика дали имате маж до вас или пак не.
13. Вашите социјални способности. Вие не се ограничувате само на старите пријателства. Знаете дека во светот постојат и други добри луѓе, слични на вас или различни, кои заслужуваат шанса за да ги запознаете.
14. Вашата искреност. Вие ја кажувате вистината без разлика колку лошо звучи. Ја преземате одговорноста за своите постапки и не се плашите да бидете искрени дури и кога таквиот пристап може да ви се одбие од глава.
15. Вашата способност да поставите граници. Вие сакате да пробувате многу нови работи, но точно знаете до каде и колку може да го дозволите тоа. Доволно сте паметни за да поставите свои граници и да се држите до нив.
16. Вашата желба за созревање. Вие сте задоволни со она што го знаете, но секој ден го гледате како нова шанса за осознавање на нешто ново, создавање шанси и донесување одлуки и нормално, созревање.
17. Вашето чувство за авантура. За некого авантурата е качување по планини, за други пак танцување. Сето она што е надвор од вашата удобна зона ве прави храбри и независни.