Не е сè така блескаво: Фитнес ѕвездите од Инстаграм се покажаа во своето вистинско светло
Секојдневното користење на Интернет со себе носи безброј нови информации, идеи, но и мотивации, кои во денешно време ни се многу потребни. Меѓутоа, сепак во воздухот се чувствува оној момент на виртуелно и нереално…
Колку пати ви се случило на вашиот социјален профил да видите преубави девојки, фитнес блогерки, кои со своето тело, стомачни и перфектниот изглед предизвикуваат да останете вчудовидени? Освен тоа, нивните фотографии без целулит едноставно прават да се чувствувате обесхрабрено и да потоните во вашиот несовршен свет.
Меѓутоа, ние дојдовме до нови сознанија кои сакаме да ги споделиме со вас!
Една фитнес блогерка сепак одлучи да ни покаже дека никој не е совршен. Ешли Молстад застана на патот на сите возвишени дами кои понекогаш прават да се чувствуваме помалку вредно. Всушност, таа на својот Фејсбук профил објави две фотографии, една покрај друга. На првата фотографија изгледа перфектно, со сите извиени мускули, додека на втората, можеме да ги забележиме сите недостатоци – додека седи се забележува нејзиното сало, како и „цртите“ кои се создаваат поради седењето во таа положба.
Нејзината објава ја споделија повеќе од 59.000 луѓе, а оваа сосема скромна девојка сакала да им укаже на сите дами дека идејата за перфекционизам, всушност, не постои.
„Иста девојка, различни агли. Потребно е да се сакаме себеси токму такви какви што сме. Овде многумина нè оспоруваа, велејќи ни дека не сме доволно добри. Јас ви велам дека вистинската магија се случува тогаш кога ќе прифатиме кои сме“ – напишала Ешли под фотографијата.
Исто така, таа откри дека била преплашена пред да ги објави фотографиите, а потоа сфатила дека тоа и не е толку важно.
„Знам дека ова е пораката која луѓето треба да ја слушнат. Сакав да им помогнам на другите и конечно да сфатат дека не се сами“
По оваа нејзина објава, се јавија и други девојки, блогерки, како и оние „обичните“ девојки, на кои им била потребна дополнителна поддршка.
Џесика Пек
Кога сите ја прашувале како го отстранила целулитот, оваа блогерка им покажала на сите колку е важна моќта на светлината. Па, што велите?
Хејли Бетенкоурт
Дури и фитнес блогерките може да се „прошират“.
Џес Кинг
Погледнете што сѐ можете да направите со вашите облини и да изгледате секси.
Тифани Брајан
„Не, не сум во шестиот месец од бременоста. Тоа е само изедена храна. Првата фотографија е пред спиење, а втората е кога се разбудив.“