Не е ниту лицето, ниту вратот: Еве кој дел од телото најбрзо старее и како да го спречите тоа

Не е ниту лицето, ниту вратот: Еве кој дел од телото најбрзо старее и како да го спречите тоа

Многу жени веруваат дека првите знаци на стареење се појавуваат на лицето и вратот, па токму затоа и обрнуваат посебно внимание на овие делови од телото со цел да ја спречат појавата на брчките. Но, научно е докажано дека ниту лицето, ниту пак вратот стареат најбрзо. Епа тогаш на што треба да обрнете најголемо внимание? Според научниците – на градите.

Не е ниту лицето, ниту вратот: Еве кој дел од телото најбрзо старее и како да го спречите тоа

Истражувањето кое било објавено во списанието „Genome Biology“ ни покажува дека најчувствителното и најтенкото ткиво на градите е најподложно за појава на првите знаци на стареење. Градите се секојдневно изложени на бројни фактори кои можат да го поттикнат стареењето и да предизвикаат тие да виснат. Пред сè, големите промени во нивната големина по слабеењето или дебелеењето, како и бременоста, можат да предизвикаат растегнување на кожата и ткивата кои ја смалуваат нивната еластичност. Секојдневната нега на кожата на градите со хидратантна крема, исто како што го негувате и лицето, може да ви помогне многу при забавувањето на овој процес.

Другиот голем непријател на кожата на градите е сонцето, кое значително го забрзува стареењето и исто така предизвикува кожата да изгуби еластичност. Кога носите деколте, особено во летните денови, не заборавајте да нанесете заштитен фактор со цел да ја заштитите вашата кожа. Дури и да е облачно, практикувајте да нанесувате заштита бидејќи штетните сончеви зраци успеваат да најдат начин да се пробијат.

Со неколку зборови, вашата дневна рутина за нега на кожата не ја ограничувајте само на лицето и вратот, туку проширете ја и на градите и деколтето со цел да ја забавите првата појава на знаците за стареење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар