Не е лесно да се викаш Бијонсе ако не си ТАА Бијонсе, но и многу други луѓе имаат иста мака
Девојче што се вика Бијонсе привлече големо внимание откако нејзината приказна ја сподели на Фејсбук проектот „Луѓето на Њујорк“ (Humans of New York). Таа вели:
„Понекогаш си го мразам името затоа што секогаш привлекувам внимание со него, а не сум многу друштвена личност. Со моето семејство се доселивме овде годинава од Пенсилванија. На првиот училишен ден бев преплашена дека некој ќе ме забележи. Не си го наместив ни столчето затоа што мислев дека ќе направам галама. Еднаш морав и да се накашлам, но се воздржав. Кога наставникот почна да проверува кој е присутен станав многу нервозна затоа што секогаш кога некој ќе дознае дека името ми е Бијонсе почнува да ја пее ‘Single Ladies’. И некои пееја, се разбира. Ама вториот ден на училиште не беше толку лош. Сите ми го знаеја името.“
Кога нејзината фотографија и приказната биле споделени на Фејсбук, малата Бијонсе можела да види дека не е единствената со таква мака. Следувале многу коментари од луѓе кои имаат имиња како оние на познати личности или на некакви предмети. Ова се дел од коментарите:
Вил Смит: „Пробај да се викаш Вил Смит.“
Кети Пери: „Целосно те разбирам со оглед на тоа што се викам Кети Пери. Да добивав паричка секогаш кога некој ќе кажеше шега за Кејти Пери сега ќе бев богата.“
Џулија Робертс: „Целосно го разбирам ова. Иако, јас многу сум друштвена, сепак некогаш знам да бидам некако срамежлива. Кога луѓето го дознаваат моето име почнуваат да ја пеат ‘Pretty Woman’, а јас само си седам и се смеам. Интересно е тоа што отсекогаш сум сакалa да бидам актерка. Биди горда на твоето име и главата горе.“
Џенифер Лопез: „Можам да се пронајдам овде.“
Мајо Нез: „Пробај да се викаш како прехранбен продукт.“
Бриџит Џонс: „Да добивав долар секогаш кога некој ќе ме прашаше за мојот дневник…“
Шакира Лемб: „Ја чувствувам твојата болка! Секогаш кога некој ќе слушне дека се викам Шакира, ме прашува дали моите колкови не лажат.“
Тина Тарнер: „Го знам чувството.“
Тања Буб Клак: „Бијонсе не е лошо. Пробај да се презиваш Буб (цицка) и потоа придружи се во Армијата како поручник. Да, поручнику Цицка!“
Џулиус Крисмас: „Сестра ми се вика Мери. Имаме исто презиме…“
Абир Кан: „Се викам Абир Кан. Луѓето не престануваат да ме викаат A Beer Can (лименка пиво).“
Рејчел Грин: „Секогаш ме прашуваат дали сум го нашла мојот Рос…“
Кели Роуленд: „Сочувство, душо.“
Мери Кејт Олсен: „Верувај ми, те разбирам. Навистина се викам Мери Кејт Олсен. Ги добивам сите вицови за близначките Олсен што можеш да ги замислиш.“
Кинга Бургер: „Подобро да ја слушаш ’Single Ladies’ отколку да слушаш за хамбургери и компирчиња.“
Каролина Ахс: „Порано бев мажена. Моето презиме е Ахс, а неговото Халс. Ние бевме Ахс-халс (звучи слично како assholes).“
Холи Вуд: „Пробај со Холи Вуд.“
Серена Вилијамс: „Девојко, немаш претстава колку често ме прашуваат дали играм тенис!“
Меган Грифин: „Им нема крај на шегите за Мег Грифин.“
Џејн Бонд: „Да се пријавам. Морам да го користам името на моето момче кога резервирам затоа што луѓето мислат дека лажам. Ме прашуваат дали татко ми се вика Џејмс. А така се вика.“
Ејжа Хауард: „Се викам Ејжа (Asia). Сите ме прашуваат: ’Како државата?’ А јас велам: ’Не, тоа е континент’.“
Енди Лосман: „Моминското презиме ми беше Фејл (Fail). Децата во основно се чудеа за тоа. Но, подоцна почнав да ги предвидувам реакциите, велејќи: ’Фејл, како кога паѓаш на тест’. Потоа се омажив за Лосман. Од Фејл преминав на Лос (пораз).“
Нармин Бат: „Моето презиме – причината поради која никој не ме заборава (butt – задник).“
Џим Сокс: „Пробај да се викаш Џим Сокс (gym socks – спортски чорапи).“
Мередит Пенкејк: „Се презивам Пенкејк (палачинка). Има луѓе што сакаат да кажуваат шеги за појадок, ама сè стивнува со тек на време.“
Елса Брул: „Чекав 60 години за да имам кул име. Елса. Фала ти Дизни.“
Макарена Дијаб: „Не си сама! Го знам чувството. Не можам да се претставам а луѓето да не почнат да пеат и да играат по две минути. И мислат дека се првите кои ги поврзале работите. Се обидувам да се смеам на тоа, ако помага.“
Крис Браун: „Сочувствувам.“
Фил Ноулс: „Тука е и другата половина, без гајле.“
Кети Пери: „Го знам тоа чувство. Чудно е.“
Миранда Вид: „Пробај да се презиваш Вид (марихуана). Шегите се многу ’тапа’.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.