Науката зад духовите: Што навистина се случува кога чувствувате нешто натприродно?

Науката зад духовите: Што навистина се случува кога чувствувате нешто натприродно?

Малкумина отворено признаваат дека веруваат во духови, но ќе се изненадите колку луѓе сметаат дека можат да ги гледаат овие појави. Една анкета покажала дека 43% од Американците, и 34% од Британците веруваат во духови. Дали и вие спаѓате овде?

Full moon ghosts

Можеби ќе го смените мислењето откако ќе прочитате за вистинското искуство на Кери Попи. Кери ја споделила својата приказна во еден TED говор, а нејзината презентација сигурно ќе измами насмевка на вашето лице.

За време на оваа „посета“ од духот, таа живеела во еден мал стан. Една вечер имала морничаво чувство дека некој ја гледа. Почувствувала некаква тежина во нејзините гради, која се претворила во болка и била придружена со немир. Во текот на една недела, ова чувство само се влошило, а Кери била убедена дека нејзиниот дом е опседнат. Таа дури почнала да слуша и некакви звуци, нешто како шепот. Бидејќи премногу бил исплашена, таа ѝ се јавила на некоја пријателка која пак ја советувала да направи ритуал за прочистување.

Ритуалот не помогнал, па како и повеќето од нас кога ќе се соочиме со чуден проблем, и таа се консултирала со Гугл. Нејзиното истражување ѝ помогнало да открие неколку форуми за ловци на духови. Еден од скептиците на форумот ѝ поставил едноставно прашање: „Имаш ли слушнато за труење од јаглероден моноксид?“

Кери веднаш почнала да истражува и открила дека симптомите од труење од овој гас се притисок во градите, звучни халуцинации и необично чувство на немир. Таа веднаш се јавила во компанијата за гас и открила дека во нејзиниот стан сепак имало проблем со протокот на гасот. Ако не се јавела таа вечер, голема била веројатноста да умре.

Друго слично искуство му се случило на еден британски инженер во една лабораторија. Тој имал слушнато за гласините дека лабораторијата е опседната, но не верувал во тоа. Една вечер додека бил сам, почувствувал дека некој, или нешто било со него во просторијата. Дури мислел и дека го видел, но кога се свртел „нештото“ исчезнало. Следниот ден додека го полирал својот меч, тој забележал дека сечилото вибрирало чудно. Откако разгледал наоколу, сфатил дека еден вентилатор кој бил поставен неодамна вибрирал и произведувал звук со ниска фреквенција, односно инфразвук. Токму ова била причината за неговото чудно искуство од претходната ноќ.

Иако луѓето не можат да го слушнат овој звук, звучните бранови сепак се регистрирани од нашите очи кои почнуваат да вибрираат. Ова може да предизвика мали халуцинации, па и најобичната прашина може да ви изгледа пострашна отколку што е. Истражувањата покажале дека инфразвукот може да предизвика чувство на страв и мислење дека некој ве набљудува.

Па, кога следен пат ќе почувствувате дека сте надгледувани, имајте ги предвид овие приказни.

Прочитајте ги и приказните за најпознатите опседнати куќи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар