Науката само што докажа дека мозокот не функционира исто кај мажите и кај жените
Многу често слушаме дека „Мажите се од Марс, а жените од Венера“ и навистина има голем број физички разлики кои постојат меѓу двата пола. Но, дали сте слушнале и дека нашите мозоци навистина работат различно? Научници од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес неодамна спровеле едно истражување во кое се обиделе да најдат одговор токму на тоа прашање. Тие користеле магнетна резонанса со којашто ја мереле активноста на мозокот кај мажите и жените за време на испитувања поврзани со крвниот притисок.
На крајот од овие испитувања, научниците откриле дека мажите и жените имале спротивни реакции во инсулираниот кортекс, оној дел од мозокот кој е задолжен за емоции, контрола на крвниот притисок и самосвеста. Според резултатите, мажите покажале посилна реакција на крвниот притисок во предниот десен дел од кортексот, каде што жените имале послаба реакција.
Оваа студија ја водел научникот Пол Мејси, кој објаснува:
„Станува збор за многу критичен дел од мозокот, каде што не очекувавме да наидеме на толку голема разлика меѓу реакциите на мажите и жените. Оваа област од мозокот е поврзана со стресот, пулсот и крвниот притисок.“
Студијата нагласува дека мажите и жените функционираат различно на многу подлабоко ниво отколку што првично се сметало. Исто така ова истражување го покренува и прашањето зошто овие различности постојат и кои други различни реакции меѓу половите се кријат во мозоците. Според Мејси, различните реакции во мозокот кај мажите и жените доведува до различни клинички симптоми кај некои медицински нарушувања.