Науката покажува нешто неверојатно за оние луѓе кои сакаат да пишуваат

Науката покажува нешто неверојатно за оние луѓе кои сакаат да пишуваат

Без разлика на квалитетот на вашите текстови, самиот акт на пишување води кон силни физички и ментални здравствени придобивки, како долготрајно подобрување на расположението, намалување на нивото на стрес и полесно справување со депресијата. Една студија од 2005 година која ги истражувала емоционалните и физичките здравствени придобивки од експресивното пишување, открила дека доволно е да пишувате од 15 до 20 минути, 3 до 5 пати во период од 4 месеци со цел да направите разлика.

Науката покажува нешто неверојатно за оние луѓе кои сакаат да пишуваат

Кога испитаниците пишувале за трауматични, стресни или емоционални настани, се намалувала нивната можност за развивање различни видови болести, но и помалку биле погодени од овие трауми. Испитаниците поминале помалку време во болница, имале намален крвен притисок и нивниот црн дроб функционирал многу подобро во споредба со оние кои не пишувале за нивните тешки настани.

Изгледа дека пишувањето може да помогне и вашите рани да заздрават побрзо. Во едно истражување од 2013 година, истражувачи од Нов Зеланд го следеле подобрувањето на рани за кои медицински била потребна биопсија кај 49 здрави возрасни. 76% од оние кои ги запишувале нивните мисли и чувства само 20 минути, 3 дена по ред, 2 недели пред биопсијата покажале целосно заздравување. 58% од контролната група не заздравеле целосно. Студијата заклучила дека пишувањето за настаните кои ве вознемируваат може да помогне подобро да ги разберете и со тоа да се намали вознемиреноста.

Дури и оние кои страдаат од специфична болест можат да го подобрат нивното здравје преку пишувањето. Студиите покажале дека луѓето со астма имаат помалку напади доколку редовно пишуваат, пациентите заболени од СИДА кои пишувале имале зголемен број на Т-клетките и пациентите кои страдале од рак и пишувале за своето искуство имале многу пооптимистична перспектива и подобар квалитет на нивниот живот.

Па, што е тоа кај пишувањето што предизвикува вакво влијание врз вас? Џејмс В. Пенебејкер од Универзитетот Тексас во Остин објаснува:

„Кога им се дава можност на луѓето да пишуваат за своите емоционални подигнувања, тие често чувствуваат подобрување на нивното здравје. Тие поретко одат на доктор и имаат промени во функцијата на имунитетот.“

Но, зошто? Пенебејкер верува дека самиот акт на експресивно пишување им дозволува на луѓето да направат еден чекор наназад и да го евалуираат својот живот. Наместо нездраво да се опседнуваат со одреден настан, тие се фокусираат на продолжувањето напред. На овој начин, се намалува нивното ниво на стрес, а со тоа се зголемува и нивното здравје.

Не треба да бидете сериозен новелист или постојано да се фокусирате на анализа на вашите најтрауматични моменти во животот со цел да ги искусите овие придобивки. Доволно е да започнете со ваш личен блог или новинарство за да забележите резултати. Една студија открила дури и дека блогирањето може да влијае врз создавањето на допамин, слично како трчањето или слушањето музика.

На кратко, од краткотрајните подобрувања на сонот, па сè до долгогодишните подобрувања на здравјето, може слободно да се каже дека писателите прават нешто правилно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар