Науката открива: Луѓето денес имаат помал опсег на внимание од златните рипки

Науката открива: Луѓето денес имаат помал опсег на внимание од златните рипки

Со сета почит кон златките рипки и останатите животинки, но ние луѓето отсекогаш сме се сметале за понапреден и еволуциски поразвиен вид. Сепак, малите рипки се еден чекор пред нас, барем во една категорија: Внимание.

Науката открива: Луѓето денес имаат помал опсег на внимание од златните рипки

Според новото истражување од корпорацијата „Microsoft“ спроведено на почетокот од месецов, просечниот опсег на внимание на златните рипки е 9 секунди. Денес, луѓето имаат опсег на внимание од 8 секунди.

Кој е виновникот? Научниците велат дека тоа се веројатно паметните телефони. Во 2000-та година, на почетокот од мобилната телефонија и нејзиниот глобален подем, просечниот опсег на внимание кај луѓето бил 12 секунди. 16 години подоцна, нашите мозоци станале толку стимулирани, што не можеме да го задржиме фокусот.

Но, не е сѐ толку лошо. Истражувањето вели и дека нашето потпирање на мобилната и паметната технологија ја подобрило нашата способност да извршуваме повеќе задачи и обврски истовремено, или во науката познато како мултитаскинг.

Со други зборови, можеби повеќето од нас денес не можеме да изгледаме една епизода од „Игра на тронови“ без да ги провериме телефоните барем еднаш, но сепак сме способни да го направиме тоа без да ни падне телефонот во тоалетот или да се сопнеме од самите себеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар