Науката открива: Која карактерна црта ќе ви донесе повеќе љубовни состаноци?

Науката открива: Која карактерна црта ќе ви донесе повеќе љубовни состаноци?

Замислете си го вашиот партнер од соништата. Не зборуваме за неговиот физички изглед. Може да биде висок, низок, рус, црн, со зелени очи… Не е воопшто важно. Но, каква е неговата природа?

Дали се работи за момче кое ги има најубавите зелени очи и го знае тоа или за момче кое носи маичка на плажа за да се скрие? Веројатно би го одбрале оној кој се чувствува удобно во своја кожа. И не сте единствени.

Науката открива: Која лична карактеристика ќе ви донесе повеќе љубовни состаноци?

Според едно ново истражување нарцисите се најпривлечните луѓе кога станува збор за љубовни состаноци.

Во истражувањето, спроведено од страна на Емануел Јаук од Универзитетот во Грац, Австрија, учествувале 90 луѓе кои отишле на 691 кратки состаноци. Учесниците требале да пополнат онлајн прашалници кои ја одредувале нивната сексуална ориентација, нивните 5 најдобри лични особини и тоа дали поседуваат некоја карактеристика од мрачната тријада.

Мрачната тријада ја сочинуваат следните 3 особини: Макијавелизам (желбата да се манипулира со луѓето), психопатија (неспособноста за поврзување со чувствата на луѓето) и нарцизам (опседнатост со самите себеси).

Потоа од нив било побарано да ја оценат физичката привлечност на другите учесници врз основа на фотографии. Сите имале прилика да бидат на љубовен состанок кој траел 3 минути, по што учесниците ги рангирале другите врз основа на тоа дали сакаат да бидат пријатели со таа личност, дали би сакале да имаат кратка врска со неа, како на пример секс, за една вечер или да бидат пријатели со придобивки, и дали би сакале да имаат сериозна врска. На крајот биле прашани дали би сакале повторно да се видат со одбраната личност.

Па каква улога има нарцизмот во сето ова?

Науката открива: Која лична карактеристика ќе ви донесе повеќе љубовни состаноци?

Изгледа дека нарцизмот е поврзан со потенцијалното пријателство, кратките врски и сериозните врски според жените. Мажите, пак, најмногу го поврзуваат нарцизмот со кратките и сериозните врски.

Истражувањето дошло до уште едно интересно откритие. Сигурно нема да останете изненадени, но точно е тоа дека физичкиот изглед е многу значаен кога станува збор за љубовните состаноци. Научниците дознале дека личните особини се помалку нагласени кога се зема предвид физичката привлечност.

Но, исто така важно е да се забележи дека минатите истражувања откриле дека нарцисите повеќе вложуваат во нивниот изглед. Што значи дека тие изгледаат подобро и повторно се враќаме на истиот заклучок: Нарцисите се многу привлечни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар