Науката открива: Која е неочекуваната здравствена придобивка од грицкањето нокти?

Науката открива: Која е неочекуваната здравствена придобивка од грицкањето нокти?

За луѓето кои грицкаат нокти честопати се смета дека шират бактерии и инфекции поради постојаниот контакт на рацете со устата. Сепак оваа навика е дел од секојдневниот живот на многумина и на повеќето многу им е тешко да се ослободат од неа. Доколку и вие сте едни од нив, размислете уште еднаш пред конечно да решите да престанете со грицкањето нокти. Имено, едно ново истражување открило дека иако оваа навика не е добра за вашите прсти и кожа, постои една неочекувана придобивка од неа.

Науката открива: Која е неочекуваната придобивка од грицкањето нокти?

Според најновите истражувања, навиките како цицање на палецот и грицкање на ноктите можат да послужат како заштита против некои чести алергии. Во истражувањето објавено во списанието „Pediatrics“ учествувале 1.000 деца на возраст од 5 до 11 години и од нивните родители било побарано да проверуваат дали тие го цицаат палецот и грицкаат нокти на секои две години. Исто така, кај секое дете се извршила проверка за алергии кога наполнило 13 и 32 години.

Добиените резултати не соодветствувале со дотогашните верувања дека грицкањето нокти и цицањето на палецот се штетни по здравјето поради пренос на бактерии. 31% од децата поминале низ период кога грицкале нокти или го цицале палецот и нивните алерготестови биле негативни. Но, децата кои целосно ги победиле алергиите биле оние кои и го цицале палецот и ги грицкале ноктите.

Сигурно ќе си помислите дека постои сто и една причина поради која имуниот систем на децата ги победува алергиите, па како би можеле да бидеме сигурни дека токму грицкањето нокти е заслужно за тоа? Важно е да се спомене дека истражувачите земале предвид различни варијабли, на пример, дали семејството чувало домашни миленичиња, дали родителите пушеле цигари, како и социо-економскиот статус. Всушност, ова истражување е делумен доказ за она што е познато како „хигиенска хипотеза“.

Според хигиенската хипотеза, опседнатоста со чистотата во денешното општество нѐ прави поподложни на болести. Зошто е тоа така? Поради намаленото изложување на микроби, паразити и заразни болести во раниот период од животот, природниот развој на имуниот систем се потиснува што ја зголемува нашата подложност на алергии. Има смисла, нели?

Науката открива: Која е неочекуваната придобивка од грицкањето нокти?

Во секој случај, тоа не значи дека цицањето на палецот и грицкањето нокти се добри за нас. Децата не треба да имаат целосна слобода врз нивните навики за цицање и грицкање. Во тој контекст, еден од авторите на истражувањето, Малколм Сирс, професор по медицина на Универзитетот во Канада изјавил:

„Нашите резултати ја поддржуваат хигиенската теорија дека раното изложување на нечистотија и бактерии го намалува ризикот од појава на алергии. Иако не препорачуваме овие навики да бидат охрабрувани, сепак тие имаат своја позитивна страна.“

На сите ни е добро познато дека грицкањето нокти се поврзува со многу негативни последици како што се проблеми со забите, инфекции на ноктите, дури и ширење на ХПВ вирусот. Но, според резултатите од истражувањето и дополнителниот коментар на истражувачите, се чини дека умереноста е клучот кога станува збор за грицкање нокти. Не се советува да продолжите со оваа навика во зрелата доба од животот, но ако имате деца или познавате деца кои ја имаат оваа навика, подобро е само да ги потсетувате одвреме-навреме дека тоа е штетно за нив, отколку да спроведете детален план за одвикнување од грицкањето нокти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар