Науката открива која е главната тајна на машката привлечност: Нема никаква врска со изгледот и смислата за хумор!

Науката открива која е главната тајна на машката привлечност: Нема никаква врска со изгледот и смислата за хумор!

Општото мислење е дека жените ги привлекуваат мажи со силни мускули и добра смисла за хумор. Меѓутоа, според неодамнешните научни откритија, големината на мускулите и способноста за кажување добри шеги воопшто не се важни кога станува збор за привлекување на женското внимание. Напротив, главниот фактор кој придонесува за тоа еден маж да стане популарен кај спротивниот пол е алтруизмот, односно волјата да прави добри и хумани дела.

Науката открива која е главната тајна на машката привлечност: Нема никаква врска со изгледот и смислата за хумор!

Имено, неколку тима од научници од различни делови во светот решиле да спроведат истражување кое би им ги дало потребните одговори. Најинтересни се откритијата на научниците од Канада кои дошле до фасцинантен факт. Наводно, мажите кои се алтруисти почесто водат љубов од останатите.

Истражувачите ги прашале неженетите Канаѓани колку често правеле добри дела како што се донирање пари во хуманитарни цели или помагање некому да го поправи автомобилот кој се расипал на улица. Потоа, им поставиле прашања за приватниот живот. По извршените анализи на добиените информации, научниците дошле до заклучок дека добродушните мажи навистина се попопуларни кај понежниот пол. Тие мажи имаат многу врски во текот на нивниот живот и на нивните партнерки никогаш не им недостасува интимност.

Науката открива која е главната тајна на машката привлечност: Нема никаква врска со изгледот и смислата за хумор!

За време на снимањето на филмот „Прирачник за оптимисти“ (Silver Linings Playbook) актерот Бредли Купер набавил стотици зимски јакни за луѓето бездомниците и нашол време самиот да им ги даде.

Во едно друго истражување, научниците побарале од жените да одберат по двајца мажи, од кои едниот би бил за сериозна врска, а другиот за една вечер. На секоја жена ѝ биле дадени повеќе фотографии од различни можни кандидати кои варирале од згодни до просечни. Половина од тие мажи учествувале во некои хуманитарни проекти или имале некои други видови алтруистички активности, а оваа информација била вклучена во описот на фотографиите. За една вечер, поголемиот дел од жените одбрале егоистични, но згодни кандидати. Меѓутоа, кога требале да одберат потенцијален партнер за сериозна врска, мнозинството од учесниците одбрале мажи со добра и дарежлива личност, наместо мажи со привлечен надворешен изглед.

Резултатите докажуваат дека жените го сметаат алтруизмот кај мажите за показател дека станува збор за човек кој ќе биде добар татко и сопруг, човек кој одговара за долга и стабилна врска.

Науката открива која е главната тајна на машката привлечност: Нема никаква врска со изгледот и смислата за хумор!

Бред Пит ја финансирал изградбата на стотици куѓи за семејствата кои настрадале од поплавите во Њу Орлеанс. Тој самиот лично го надгледувал процесот на градење и реновирање во текот на сите фази.

Слично истражување било спроведено и кај мажите. Кога требало да одговорат каква жена би сакале за сериозна врска, тие исто така одбрале добродушни кандидатки бидејќи сметале дека тие би им биле добри мајки на нивните идни деца.

Секако дека физичката привлечност и добрата смисла за хумор не се целосно безначајни. На пример, жените сметаат дека способноста да се каже добра шега е знак на интелигенција. Што се однесува до надворешната убавина, таа не е толку значајна ако мажот има добро срце и благ нарав.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар