Науката открива: Каде завршуваат изгубените чорапи?
Сигурно ви се случило да изгубите барем еден чорап во машината за перење, оставајќи ве со еден куп работи кои ја изгубиле својата половина. Експертите тврдат дека конечно ја решиле мистеријата на загубените чорапи и дури и развиле една формула која ја предвидува веројатноста за нивното исчезнување и конечно разјаснува зошто се случува овој интересен феномен.
Според истражувањето, просечниот човек во својот живот губи повеќе од 1.200 чорапи. Така, психологот д-р Сајмон Мур и статистичарот Џеф Елис ја извеле формулата „Индекс на губење на чорапи“: (L(p x f) + C(t x s)) – (P x A), каде што:
- L стои за големината, односно количината на облеката што се пере
- (p) – бројот на луѓето кои живеат во домот
- (f) – честотата, односно фреквенцијата на перење
- C – сложеноста на програмата за перење
- (t) – типови перење
- (s) – бројот на чорапи исперени во една недела
- (P) – позитивност на перењето
Според формулата, колку е поголема количината на облеката што се пере, толку е поголема веројатноста да ги изгубите чорапите. Истражувањето ги идентификувало и четирите главни психолошки теми односни причини кои придонесуваат во губењето на чорапите за време на перењето, и тоа:
1. Дифузија на одговорноста: Индивидуалните личности кои се вклучени во процесот на перење на облеката претпоставуваат дека некој друг ќе ја преземе одговорноста и како последица на ова мислење, никој не го прави тоа, што значи дека некои од помалите парчиња облека може да се загубат.
2. Визуелна свесност: Станува збор за нашата способност ментално да решаваме проблеми по скратен пат за да заштедиме време и напор. Тоа значи дека ќе ги побараме чорапите или далечинскиот управувач на најочигледните места и ако не ги најдеме, ја губиме целата надеж и претпоставуваме дека се изгубени засекогаш.
3. Потврдна пристрасност: Ова се случува кога веруваме дека нешто е вистина доколку сакаме да е вистина. Така, ако не ги забележуваме чорапите кои не се во пар, тогаш се убедуваме дека тоа навистина е така.
4. Бихејвиорални грешки на омисија и комисија: Човечката грешка вклучува многу грешки, несреќи и мистерии и тоа важи и за процесот на перење на облеката. Пропустот е демонстриран кога некој ќе погледне чорап на подот и нема да го земе и да го фрли во корпата за облека или машината за перење, додека комисијата е оној момент кога правиме нешто што не треба да го направиме, на пример, кога ставаме бел чорап во црната облека или го ставаме на некое рандом место за да ја избегнеме потрагата по неговата втора половина.
Иако оваа формула успева да ни објасни зошто луѓето често ги губат своите чорапи или помалите парчиња облека во машината за перење, сепак не го решава проблемот со нивното пронаоѓање. Според студијата, грешката, се разбира, е во луѓето и доколку сакаме да го спречиме губењето на облеката тогаш треба да го посветиме вниманието во правилната селекција.