Науката открива: Држете си го носот додека јадете чизбургер за да не се здебелите

Науката открива: Држете си го носот додека јадете чизбургер за да не се здебелите

Се обидувате да се храните здраво и да вежбате, но одвреме-навреме имате потреба од голем и мрсен бургер. Доколку се пронајдовте, имаме добри вести за вас! Науката открива дека доколку не го помирисате бургерот, постои голема веројатност дека вашето тело нема да ги задржи маснотиите што сте ги внеле.

Науката открива: Држете си го носот додека јадете чизбургер за да не се здебелите

Во неодамнешното истражување објавено во „Cell Metabolism“ научниците откриле дека телесниот осет за мирис е поврзан со одлуката на телото дали ќе ги складира маснотиите или ќе ги согори. Истражувачите хранеле три групи глувци со високо калорична храна. Едната група глувци имале нормална способност за мирис, другата група имале одлична способност за мирис, а третата група глувци имале проблеми со сетилото за мирис.

Па, какви биле резултатите? Тежината на глувците со нормален осет за мирис двојно се зголемила, додека глувците кои не можеле да ја помирисаат храната добиле само 10% од нивната првична тежина. Уште поинтересно е тоа што кога научниците им го одзеле осетот за мирис на сите глувци, сите ги изгубиле килограмите што ги качиле, дури и тогаш кога ја јаделе истата високо калорична храна.

Оваа теорија сѐ уште не е тестирана на луѓе, но можете да се обидете да јадете хамбургер со затнат нос, чисто онака колку да видите што ќе се случи.

Прочитајте ги и следниве 10 причини зошто сме постојано гладни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар