Науката открива дека повремените корисници на марихуана се посреќни и поуспешни во животот
Иако кај нас марихуаната е сè уште нелегална, една нова студија што била спроведена во оние држави каде што нејзината употреба е легализирана, ни носи интересни резултати што дефинитивно замислуваат. Според оваа студија, повремените корисници на марихуана се многу позадоволни од животот, поуспешни во работата и имаат поголеми шанси да волонтираат во своите заедници за разлика од оние што немаат ваква навика.
Студијата испитувала многу ментални, социјални и финансиски фактори кај испитаниците од двете групи, меѓу кои и задоволството од животот, ставовите кон родителството и податоците за кариерата. Најголем број од податоците биле собрани во американските држави Калифорнија и Колорадо, каде што марихуаната е легализирана.
Меѓу зачудувачките откритија, истражувачите откриле и дека оние што консумираат марихуана, заработуваат повеќе пари од оние што апстинираат. Ова може да биде поврзано и со фактот што поголемиот дел од испитаниците имале магистерска диплома. Токму затоа и не е воопшто чудно што се заклучило и дека тие се посреќни во својот живот за разлика од останатите.
Од друга страна пак, повремените корисници на марихуана покажале поздрави навики и поактивен социјален живот. Дополнително, тие повеќе уживаат во надворешните активности, за разлика од оние што не консумираат марихуана. Ова ги прави значително поздрави и ја зголемува нивната долговечност.
Што мислите вие за овие резултати?
Сте знаеле ли дека алкохолот и цигарите ќе ве убијат побргу од марихуаната?