Науката открива дека кафето, чајот и виното се многу здрави за желудникот и цревата
Во последно време многу се зборува за здравјето на желудникот и цревата, и како резултат на тоа сè поголем број луѓе вметнуваат пробиотски додатоци во исхраната, како јогуртот, со цел да го одржуваат здравјето на нивниот дигестивен систем. Благодарение на новата студија која била објавена во „Science Magazine“, сега слободно можете да го замените јогуртот со чај, кафе, па дури и вино.
Сигурно си помисливте дека овие информации се премногу добри за да бидат вистинити, но сепак станува збор за вистинско истражување со научно потврдени резултати. Според научниците, оние луѓе кои пијат кафе, чај и вино имаат многу поздрави и поразновидни микроби во нивниот организам.
Авторите на оваа студија, кои испитале повеќе од 1.100 испитаници, откриле дека разновидноста во микробите кои живеат во цревата се поврзува со подобро општо здравје, а тоа може лесно да се одржува со пиењето кафе, чај и вино бидејќи на тој начин внесувате нови микроби во вашиот систем и промовирате разновидност.
Секако дека јогуртот и останатите пробиотски пијалаци сè уште се препорачуваат, но веќе не мора да се грижите дека вашата љубов кон кофеинот или виното е надвор од вашата здрава и балансирана диета.