Науката открива: Бремените жени кои чуваат кучиња раѓаат посреќни бебиња
Не можете да го убедите партнерот да посвоите куче? Искористете го ова најново истражување како аргумент во дебатата околу тоа дали да чувате куче и можеби ќе го убедите партнерот уште истиот ден. Според истражувачите од Универзитетот во Алберта, бремените жени кои чуваат куче раѓаат поздрави бебиња.
Добро прочитавте! Доколку сте бремени и ги следите сите лекарски совети со цел да донесете на свет што е можно поздраво и посреќно бебе, време е да си посвоите кученце. Истражувањето било спроведено на деца родени во дом со миленици, од кои 70% биле кучиња, и дознале дека овие деца имале повисоки нивоа на два значајни вида стомачни бактерии. Според истражувањето, овие бактерии го намалувале ризикот од дебелина и алергии.
Ова се одлични вести за сите бремени сопственички на кучиња! Не мора да пиете никакви апчиња или да правите јога вежби за да му ги овозможите овие здравствени придобивки на вашето новороденче. Доволно е само да чувате куче!
Резултатите од истражувањето покажале дека дури и да се ослободите од кучето по раѓањето на бебето, детето сепак ќе може да ги почувствува здравствените придобивки од преднаталната изложеност. Секако дека многу би било сурово да посвоите куче, да го чувате 9 месеци и потоа да го оставите, но има и други опции. Ако не сакате да чувате куче по раѓањето на бебето, можете почесто да ги посетувате вашите пријатели кои имаат куче или да ги замолите одвреме-навреме да го оставаат нивниот крзнен пријател кај вас дома.
Освен сите тие здравствени придобивки, факт е дека кучињата носат радост и среќа во домот. Ако бремените жени можат да станат посреќни и позадоволни, тогаш не постои сомнеж дека кучето ќе има позитивно влијание на неа, нејзиниот партнер, нивното бебе и сите останати членови на семејството.
Доколку очекувате бебе и сакате да го зачувате вашето здравје, прочитајте како до добар сон за време на бременоста.