Науката ни покажува кога и зошто исчезнува страста

Науката ни покажува кога и зошто исчезнува страста

Сите нови парови, на почетокот на врската, се чувствуваат како да не можат да ги оттргнат рацете од својот партнер. Иако ни изгледа дека ова чувство никогаш нема да заврши, сепак станува збор за привремена состојба која доколку не се негува, може целосно да исчезне. Секако, вие уште ќе го сакате вашиот партнер, но во еден момент може да почувствувате дека вечерта помината во гледање филмови и јадење пица е многу попривлечна отколку секс маратон.

Науката ни покажува кога и зошто исчезнува страста

Како е можно нешто толку интензивно да избледи за толку краток рок? Верувале или не, научниците сфатиле дека овој момент започнува многу рано во врската!

Имено, според истражувањата спроведени во Минхен на 3.000 луѓе на возраст помеѓу 25 и 40 години, сексот во врската побудува најинтензивни чувства во првите 12 месеци, а потоа почнува значително да се намалува. Причината за ова може да се објасни со фактот дека на паровите им се потребни година дена за да можат „сексуално да се запознаат“ и да научат сè што е потребно за да ги задоволат желбите и потребите на партнерот. Кога ќе се достигне овој стадиум, сексуалната желба почнува да избледува.

Лошите вести не завршуваат тука. Истражувањето докажало и дека страста со текот на времето продолжува да опаѓа, па по 16 години во врска, сексуалното задоволство помеѓу паровите паѓа за 27%. Можеби ова и не е толку страшно ако се има предвид дека станува збор за однос што трае скоро 2 децении…

Од друга страна пак, научниците тврдат дека децата немаат негативно влијание врз нивото на страста помеѓу паровите, иако, логично, зачестеноста на сексот со нивното доаѓање се намалува.

Што можеме да заклучиме од ова истражување? Сексот по 16-годишна врска нема да биде толку добар како на почетокот, но секој пар што издржал во врска олку долго, очигледно прави нешто како што треба. На крајот на краиштата, вечерта помината во гледање филмови во прегратките на саканата личност и не звучи толку лошо!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар