Науката на бакнувањето

Науката на бакнувањето

Кога последен пат се бакнавте со вашиот партнер? Доколку неодамна сте ја започнале вашата врска, сигурно вашите усни со усните на партнерот се неразделни, но доколку подолго време сте заедно, најверојатно не можете да се сетите кога последен пат било тоа. Тоа е така бидејќи бакнувањето претставува алатка за додворување со која ја тестираме долгорочноста на врската со нашиот партнер – велат резултатите од новото истражување спроведено од страна на Универзитетот Оксфорд.

Науката на бакнувањето

Кога двајца луѓе првпат се бакнуваат, тие еден на друг си испраќаат сигнали за нивното здравје и ДНК, преку вкусот и мирисот, кои им помагаат да изберат компатибилен партнер, објаснува авторот на истражувањето Рафаел Влодарски, студент на докторски студии по филозофија, во департманот за Експериментална психологија, на Универзитетот Оксфорд. Кога љубовните партнери ќе решат да останат заедно, бакнувањето се случува поретко, бидејќи тие веќе немаат потреба од таква генетска информација.

Кога некој силно ве привлекува, неговиот природен, уникатен мирис ви мириса опојно и може да забележите дека длабоко го вдишувате додека се бакнувате. Доколку на секој од вас, му се допаѓа мирисот на партнерот, тоа значи дека вашите тела потсвесно одговараат на меѓусебниот генетски код, што е знак дека ќе создадете здрави поколенија.

За жал, кога сте подолго време во истата врска, може да не се бакнувате толку страсно како на почетокот, бидејќи вие и вашето тело потсвесно знаете дека тој е „вистинскиот“. Како и да е, важно е да се одржува страста. Истражувањето исто така открило дека задоволството од самата врска, е поврзано со тоа колку често паровите се бакнуваат, а не колку често имаат секс. Тоа не значи дека треба секојпат да се бакнувате на француски начин, само за да ги почувствувате придобивките. Сè додека бакнежот е интимен и вашите лица се блиску едно до друго, тоа е сосема доволно, објаснува Влодарски.

Еве неколку препорачани техники:

  • Додека се бакнувате, користете ги вашите раце за нежно да му ја потегнувате косата на вашиот партнер (тоа придонесува за испуштање на ендорфини кои предизвикуваат задоволство).
  • Лапнете бонбона од мента (ментолот создава трпки и топло-ладно чувство).
  • Нежно грицкајте си ги усните со партнерот (бидејќи вариететот го одржува односот интересен).

Што и да правите, никогаш не престанувајте да се бакнувате!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар