Науката ја реши долгата дебата: Полномасните млечни производи се поздрави од немасните

Науката ја реши долгата дебата: Полномасните млечни производи се поздрави од немасните

Како многу други здрави работи така и немасното млеко, односно млекото со 0% заситени масти не изгледа толку привлечно и се толерира како додаток во исхраната исклучиво поради тоа што се смета за здраво. Но, што ако полномасното млеко е поздраво? Резултатите добиени од последните научни истражувања спроведени на оваа тема конечно го ставија крајот на долготрајната дебата помеѓу немасните и полномасните млечни производи.

Науката ја реши долгата дебата: Полномасните млечни производи се поздрави од немасните

Според студијата објавена во научниот журнал „Circulation“, луѓето кои консумираат полномасни млечни производи како што се млекото, јогуртот и сирењето имаат многу помала шанса да заболат од дијабетес тип 2 отколку оние кои практикуваат да јадат немасни млечни производи.

„Луѓето кои имаат најмногу полномасни млечни производи во нивната диета имаат дури до 50% помал ризик да развијат дијабетес, во споредба со оние кои консумирале малку млечни производи или немасни млечни производи“ , вели еден од истражувачите.

Студијата не објаснува зошто ризикот е намален освен тоа дека е, но еден фактор кој придонесува може да биде кога луѓето се одлучуваат за навидум незаситени, немасни млечни производи, ги заменуваат мастите кои не ги внесуваат со консумирањето шеќери и јаглени хидрати, што е многу полошо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар