Науката докажува дека жените се всушност посилниот пол
Многумина би кажале дека жените не се еднакви со мажите. И да, тие би биле во право, но не на начинот на кој мислите. Според голем број нови студии, изгледа жените во многу нешта ги надминуваат мажите. За овој факт сведочат и следните докази прикажани од психијатарот Клифорд Лазарус.
1. Сигурно веќе ви е добро познат фактот дека во поголемиот дел од културите жените живеат подолго од мажите. Во Америка, на пример, жените живеат во просек 80 години, додека мажите едвај 75. Тоа е еден поен за жените.
2. Голем број студии покажале дека жените имаат повисок праг на толеранција за болка, што е најверојатно еволуциска адаптација настаната под влијание на процесот за породување. Уште еден поен за жените.
3. Се верува дека жените можат да живеат подолго без храна од мажите, бидејќи имаат повеќе масно ткиво, а помалку мускулна маса во своето тело. Бидејќи на масното ткиво му се потребни далеку помалку калории од мускулите, жените имаат двострука предност при изгладувањето. Веќе стигнавме до 3 поени за жените, а 0 за мажите.
4. Со оглед на тоа што имаат помала телесна маса од мажите, жените користат помалку природни ресурси (воздух, вода, храна…), па затоа имаат и помало негативно влијание врз околината. Тоа е уште еден поен плус за жените.
5. Генерално, жените имаат повисока социјална и емоционална интелигенција во споредба со мажите. Тие се помалку агресивни и насилни, па затоа и постои многу мал процент сериски убијци или сексуални садисти во женски род. Според студиите, тие исто така се и побезбедни возачи (извинете момци, но тоа е вистината!). Со оглед на тоа што мажите сакаат побрзо да возат, ги игнорираат сообраќајните правила и ризикуваат, тие почесто страдаат од фатални сообраќајќи за разлика од жените. Резултатот веќе стигна до 5:0 за жените.
6. Бидејќи жените имаат два X хромозоми, тоа им носи голема здравствена предност, особено за болестите кои се поврзани со овој хромозом, како што се хемофилија, далтонизам, мускулна дистрофија… Сите овие болести најчесто ги погодуваат мажите бидејќи кај нив не постои „здрав“ X хромозом кој го имаат жените (тие наследуваат еден од мајката, друг од таткото, па ако едниот ја носи болеста, другиот ќе ги заштити од неа). Дојдовме до 6:0 за жените!
7. Во теорија, жените можат да се размножуваат без мажите, односно без нивните генетски придонеси, додека пак, мажите е невозможно да добијат дете без жена. Постојат различни облици на бесполово размножување, односно партеногенеза, која се јавува исклучиво кај жените и секогаш носи женско потомство. 7 поени за жените, сè уште ниту еден за мажите!
8. Кога сме кај сексот, имајте на ум дека жените можат да имаат повеќе оргазми во текот на еден однос, за разлика од мажите. Со тоа го добиваме и 8-от поен за жените!
9. За крај, како што психијатарот кажува, единствената јасна предност на мажите во однос на жените е нивната физичка сила и брзото време за реакција. Но, ако ги земеме предвид спортовите, дури и физичката сила станува помалку значајна во ова време на технологија. Во секој случај, тоа без сомнение е поен за мажите.
Па, според овие податоци имаме 8 поени за жените и 1 за мажите. Дали тоа значи дека жените навистина се посилниот пол?
убаво е да се теше човек со нешто 🙂
Глупаво е да се речи дека жените се појаки зашто живеат подолго од мажите, кога мажите имаат поопасни работи. Жени војници нема, многу помалку од мажи.
Жените немаат повисок праг на болка зашто тоа не е возможно да се измери.
Во теорија, можно е да се направи јајце клетка од обична човечка клетка, и од маж и од жена. Тоа е нерешено.
Се согласувам со сѐ друго.