Науката докажа: Уморот е поврзан со прескокнување на оброците!
Во детската и адолесцентната доба редовните оброци се од пресудна важност. Тоа е период кога телото интензивно расте, а мозокот мора да впие многу информации. Со тие пет оброци дневно, односно три главни и две закуски, добиваме енергија за денот кој е преполн со предизвици. Освен тоа, редовната исхрана овозможува доволно калциум кој е важен за растот на коските кај децата, како и за одржувањето на нормалната коскена маса кај возрасните, но и доволно железо и витамин Б кои допринесуваат за подобро помнење и концентрација. Од друга страна, прескокнувањето на оброците во средната и зрелата доба доведува до зголемен умор, неуредно варење на храната и општи слабости на организмот, што можат да го нарушат животниот квалитет.
Последици од прескокнувањето на оброците
Шеќерот, поточно гликозата, е основната храна за мозокот. Со самото тоа кога ги прескокнуваме оброците нивото на гликоза во крвта опаѓа и стануваме уморни, деконцентриран и нервозни, а тоа потоа влијае на извршувањето на активностите во училиштето, на работното место или во слободното време. Освен уморот и намаленото ниво на концентрација, истражувањата покажуваат дека личностите кои ги прескокнуваат оброците имаат навика да се прејадуваат веднаш штом стигнат дома, што резултира со насобирање непотребни килограми, а се закануваат и потешки болести како што се дијабетесот и срцеви заболувања. Затоа за губење на непотребните килограми најважно е да не се прескокнуваат оброците.
Прескокнувањето на оброците, всушност, го забавува метаболизмот, може да предизвика болки во стомакот и главоболки, и води до тоа почесто да консумираме слатки и газирани напивки кои брзо ќе го подигнат нивото на шеќер во крвта и подеднакво брзо ќе го намалат, што повторно резултира со исцрпеност на организмот. Редовните оброци го одржуваат константно нивото на гликоза во крвта и не чувствуваме глад, варењето работи добро, а мозокот е буден и спремен за учење, размислување и извршување на активностите.
Започнете редовно да јадете!
Не е лесно да ги промените навиките, па се препорачува во тој процес да се вклучи целото семејство – добрите навики кои ќе се стекнат во најраната доба остануваат тука за целиот живот. Затоа, многу е важно да ги вклучите и вашите деца во планирањето на здравите прехранбени навики, а пред да отидете во маркетот или на пазарот, запомнете ги овие пет совети:
- Однапред смислите што би можеле да готвите секој ден, а за недостатокот на идеи послужете се со забавните апликации кои ви помагаат во секојдневното планирање на оброците. Само напишете ги намирниците кои веќе ги имате дома и ќе добиете безброј едноставни и разновидни рецепти.
- Појадувајте секој ден, бидејќи за подготвување на квалитетен појадок ви се потребни само 5 минути – пробиотскиот јогурт измешајте го со житарки од цело зрно, ставете малку лешници и свежо овошје и ќе добиете одличен оброк за почетокот на денот.
- Секогаш е добро во фрижидерот да имате намирници како што се свежиот зеленчук и млечните производи кои лесно можете да ги комбинирате со квалитетно месо или риба.
- Ручекот или ужината подгответе ја дома – подготовката на квалитетен сендвич со сирење и зеленчук или интегрални тестенини со туна, тиквички и маслиново масло нема да ви одземат многу време, а можете да ги направите за целото семејство.
- Пијте доволно количество на вода секој ден, а овошните сокови и газираните пијалаци заменете ги со лимонада во која ќе додадете свежо нане, неколку кругови свежа краставица и лажичка мед.