Наука за смеата: 4 начини на кои смеењето води кон подобар живот

Наука за смеата: 4 начини на кои смеењето води кон подобар живот

Постои една стара изрека која ни кажува дека смеењето е најдобриот лек за сите болести. Тоа не е многу далеку од вистината. Постојат многу истражувања кои ни ги покажуваат неверојатните придобивки од смеењето, во сите области од вашиот живот. Погледнете колку оваа едноставна активност може да ви помогне значително да го подобрите вашиот живот.

Наука за насмевка: 4 начини на кои смеењето води кон подобар живот

1. Смеењето е добро за вашето здравје

Благодарение на природното намалување на стрес хормоните и зголемување на протокот на крвта, вие ќе го заштитите вашето тело од срцеви проблеми доколку се смеете. Вие исто така и ќе го зајакнете имунитетот и ќе ги намалите шансите за инфекции и болести. Со смеењето испуштате ендорфини во мозокот, кои прават природно да се чувствувате добро. Токму затоа ако не сте тип на човек кој трча секојдневно по еден час, смејте се повеќе и веднаш ќе забележите дека ќе имате посреќен и поисполнет живот.

2. Смеењето ги зајакнува вашите врски

Не бидете онаа личност која зрачи со негативни енергија и стрес. Наместо тоа, фокусирајте се на смеењето и позитивноста со цел да ги привлечете луѓето околу вас. Со почестото смеење, вие можете да го подобрите квалитетот на вашите врски, од пријателски и романтични, па сè до професионални. На овој начин исто така ќе го подобрите и квалитетот на вашиот живот.

3. Смеењето ги менува вашите перспективи

Доколку сте способни да се смеете скоро за сè, вие со тек на време ќе почнете да ги менувате вашите перспективи така што ќе ги забележувате сите нешта од посветлата страна и многу полесно ќе се возбудувате за оние нешта кои треба да бидат направени. Вие исто така и ќе престанете да ги доживувате како многу сериозни сите помали пречки со кои се соочувате. Смеењето го шири умот и го намалува негативното фокусирање, насочувајќи ве кон посветлата страна. Најважно од сè, ќе ви помогне и да се опуштите и полесно да се справувате со сите поголеми настани во вашиот живот.

4. Смеењето ве прави поатрактивни

Луѓето кои се смеат често се доживуваат како поатрактивни од оние кои се постојано несреќни или лути. Хуморот исто така има тенденција да ја намали непријатноста и тензијата во скоро секоја ситуација. На пример, ако сте на прв љубовен состанок и се почувствувате непријатно, не се плашете да го скршите мразот со шега. Сè е поврзано со начинот на кој луѓето ги привлекуваат оние кои ги инспирираат, мотивираат и смеат. Токму затоа и никогаш не престанувајте да се смеете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар