Наука, човештво, вселена: Цитати од Карл Саган

Наука, човештво, вселена: Цитати од Карл Саган

Карл Саган е американски астроном, астрофизичар, космологист, писател и што уште не, сѐ во служба на науката и нејзиното популаризирање. Има напишано повеќе книги во кои говори за науката, за човештвото, технологијата, религијата и универзумот во целина, а најпозната веројатно е „Контакт“ според која е сниман и истоимениот филм. Во продолжение може да прочитате неколку цитати од неговите дела кои ќе ви ја доловат неговата претстава за овие работи, а можеби и ќе ве мотивираат да прочитате некое од неговите дела.

Наука, човештво, религија, вселена: цитати од Карл Саган

 

„Сите ние сме направени од ѕвездена материја.“

„Напредокот во медицината и земјоделството имаат спасено многу повеќе животи отколку што биле изгубени во војните во минатото.“

„Големите тврдења бараат и големи докази.“

„Една од најтажните лекции од историјата изгледа вака: Ако нѐ лажеле доволно долго ќе тежнееме да ги отфрлиме сите докази за лагата. Не сме повеќе заинтересирани за вистината. Лагата нѐ заробила. Премногу е болно да признаеме, дури и себеси, дека сме биле премногу наивни.“

„Од универзумот не се бара да биде во склад со човечките амбиции.“

„Човековата беда која може да се избегне не е толку често предизвикана од глупавост колку од игнорирање, особено игнорирање на самите себеси.“

„Визиите кои им ги даваме на нашите деца ја обликуваат иднината.“

„Разбирањето е еден вид екстаза.“

„Секое дете е роден научник кој потоа ние го менуваме. Само неколкумина се протнуваат низ системот со нивната љубопитност и ентузијазам за вистинска наука.“

„Отсуството на докази не е доказ за отсуство.“

Наука, човештво, религија, вселена: цитати од Карл Саган

„Некаде има нешто чудесно што чека да биде откриено.“

 

„Науката е повеќе начин на размислување отколку збир на знаења.“

„Ние сме како пеперутки кои мавтаат со крилцата во текот на еден ден и мислат дека тоа е вечност.“

„Можеме да го мериме напредокот според храброста во нашите прашања и длабочината на нашите одговори, според нашата волја попрво да ја прифатиме вистината отколку она што прави да се чувствуваме убаво.“

„Се исплати да имаш отворен ум, но не до толку отворен што ќе ти испадне мозокот од него.“

„Фактот што некои гении биле исмејувани не значи дека сите кои се исмејувани се гении. Го исмејувале Колумбо, го исмејувале Фултон, ги исмејувале и браќата Рајт. Но исто така се смееле и на кловнот Бозо.“

„Науката не само што е компатибилна со духовноста, туку е длабок извор на духовноста.“

„За мене подобро е да се прифати универзумот таков каков што е отколку да му се пружа отпор во заблуди, без разлика колку се тие задоволувачки и успокојувачки.“

„Кој е поскромен? Научникот кој што гледа кон универзумот со отворен ум и го прифаќа сето она на што универзумот може да нѐ научи или некој кој вели дека сѐ што е напишано во оваа книга е буквална вистина без разлика на погрешливоста на луѓето?“

„Но можеби не сум во право.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар