Научно потврдено: Децата му даваат смисла на животот
Научниците првпат излегоа со анализа дека луѓето кои се во брак се посреќни од останатите. Најнесреќни се оние кои се разведени или живеат далеку од семејството.
Во истражувањето биле вклучени 80.000 луѓе, на кои им биле поставувани многу прашања, како на пример: „Колку сте задоволни од својот живот?“, „Колку среќни бевте вчера?“ или „Колку мислите дека вреди вашиот живот?“. На прашањето се одговарало со бодови од 1 до 10, а просечна оценка била 7.
При анализата се докажало дека луѓето кои имаат две или повеќе деца давале најголеми оценки за задоволството и среќата во животот, додека најмали оценки ставале луѓето кои немаат деца и се сами.
„Нашите резултати покажуваат дека присуството на децата во животот не го променува задоволството од него, туку дека тие го носат чувството на целта на човечкиот живот. Токму затоа оние луѓе кои имаат деца ставаа највисоки оценки на прашањата за вредноста на животот.“ – вели еден од истражувачите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.