Научно докажано: Вашата менструација открива колку долго би можеле да живеете

Научно докажано: Вашата менструација открива колку долго би можеле да живеете

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Сан Диего, чии резултати се објавени во списанието „Menopause“ ги проучувало податоците на 16.000 жени во менопауза. Испитаниците кои првата менструација ја добиле на 12 или повеќе години влегле во менопауза на 50 или повеќе. Токму тие жени се оние кои ја доживеале 90-тата година.

Научно докажано: Вашата менструација открива колку долго би можеле да живеете

„Дознавме дека жените кои подоцна добиваат менструација имаат помалку здравствени проблеми, како што се коронарните болести на срце. Освен тоа, жените кои подоцна влегуваат во менопауза имаат одлично здравје што може да послужи како објаснување за нашето откритие“, изјавил авторот на студијата Аладин Шадјаб.

Меѓу жените кои подоцна добиле менструација и подоцна влегле во менопауза исто така имало помалку пушачи и дијабетичари. Авторите на студијата потенцираат дека се потребни дополнителни истражувања за да се одреди точно зошто постои таа поврзаност, но и од досегашните истражувања јасно е дека здравите навики и здравата менструација значат долг и здрав живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар