Научно докажано: Сите луѓе потајно мразат да излегуваат
Дали потајно мразите да излегувате во петок навечер со вашите пријатели? Дали ви се случило да ги откажете плановите поради некои глупави изговори? Дали сте почувствувале олеснување кога другите ги откажале плановите? Доколку се пронајдовте, тоа не значи дека сте недруштвени. Според најновите истражувања никој не сака да ги пресоблече пижамите!
Се чини дека никој не сака да излегува, така што не сте сами. Во истражувањето биле вклучени група возрасни луѓе на кои им биле дадени прашања поврзани со моментите кога ја одбегнале нивната социјална одговорност и ги „откачиле“ пријателите за да останат сами дома. Поголемиот дел од нив признале дека измислиле изговори за да не излезат и наместо тоа играле видео игри, нарачале нешто за јадење или ги извршувале домашните обврски.
Едно друго истражување од 2015 година испитало како луѓето ги поминуваат деновите. Резултатите покажале дека испитаниците поминувале по просечно 41 минута секој ден дружејќи се со други луѓе. Тоа е звучи шокантно, со оглед на тоа што во просек спиеме по 9 часа, 8 часа работиме и дури 3 часа поминуваме пред телевизорот.
Па, зошто луѓето не сакаат да се дружат во живо иако се верува дека младите треба да уживаат во ноќниот живот и да живеат со полни гради? Луѓето повеќе сакаат да се одмораат на каучот отколку да се заморуваат со гужви и договори. Можеби причината лежи во тешката економска ситуација. Платите се мали, а излегувањата бараат трошење многу пари. На просечниот млад човек за да излезе за викенд му требаат околу 1.000 денари. Тоа дефинитивно не може секој да си го дозволи.
Излегувањето е скапо и затоа луѓето одлучуваат да останат дома за да заштедат, да си поминат убаво гледајќи филмови и серии и да комуницираат со пријателите преку социјалните мрежи.
Без разлика која е причината, вистина е дека луѓето честопати лажат за да го одбегнат одењето на забави, собири и културни настани, што не е добро. Ниту еден човек не сака кога некој ќе му ги расипе плановите, само затоа што се премислил околу излегувањето во последен момент. Треба да престанеме да лажеме за овие работи. Едноставно признајте дека не ви се излегува. И онака на пријателот со кого сте се договориле да излезете веројатно ќе му биде драго што сте откажале, бидејќи и тој сакал да остане дома исто така.