Научно докажано: Пивото има подобар ефект од некои апчиња за болки
Дали некогаш сте се разбудиле по вечера помината во пиење и сте забележале дека имате некоја мистериозна модрица или гребаница? Науката не може да објасни каде сте ги добиле повредите, но според најновите истражувања пивото е поефективно од некои апчиња за болки што објаснува зошто сте се разбудиле со рана за која не се сеќавате ни како сте ја направиле претходната вечер.
Истражувачите од Универзитетот во Гринвич ги испитале ефектите на алкохолот против болки. Тие спровеле 18 истражувања со 404 испитаници и ја измериле врската меѓу алкохолот и физичката болка. Откриле дека доколку испиете две лименки пиво, чувството на болка ќе ви се намали за 25% што значи дека пивото има подобар ефект од парацетамол.
Пред да почнете со набавка на гајби пиво, авторите на истражувањето сакаат да разјаснат дека не препорачуваат да го замените ацетаминофенот со алкохол.
„Истражувањата покажаа дека алкохолот е ефективен аналгетик кој овозможува клинички релевантни намалувања на интензитетот на болката, што објаснува зошто луѓето кои чувствуваат постојана болка го злоупотребуваат алкохолот и покрај неговите можни последици по здравјето“, пишува во истражувањето.
Тоа значи дека иако алкохолот навистина ќе ви помогне да се ослободите од болката, не вреди да го консумирате поради долготрајните здравствени последици што може да ги предизвика.
Па, ако ова не значи дека можеме да се напиеме пиво секогаш кога ќе се исечеме, зошто би ни биле важни ваквите откритија?
„Ако можеме да направиме лек без негативни последици, тогаш би можеле да добиеме нешто што е подобро од сите лекови достапни во моментов“, изјавил еден од авторите на истражувањето.
Истражувачите сега знаат дека доколку се зголеми нивото на алкохол во крвта за 0,08%, се зголемува прагот за толеранција на болка и како резултат на тоа се намалува интензитетот на болката. Ако се создаде апче што може да го предизвика истиот ефект, на пазарот ќе се појави подобро апче против болки.
Пивото се придружува на низата неконвенционални начини за намалување на болката како што се чоколадото за менструалните болки и сексот за главоболките. Природните хемикалии што се ослободуваат за време на оргазмот, како што се допамин и серотонин, го зголемуваат задоволството и ја намалуваат болката. Што се однесува до темното чоколадо, магнезиумот што го содржи ја зголемува енергијата, а содржи и ендорфини кои ослободуваат од болки. Сепак, не заборавајте дека треба да бидете умерени и дека сето ова ќе може да ви помогне само доколку не претерате.
Доколку не сте љубители на овој алкохолен пијалак, следниве неколку причини зошто жените би требало да пијат пиво можеби ќе ве разубедат.