Научно докажано: Мажите живеат подолго ако се венчаат со интелигентна жена!

Научно докажано: Мажите живеат подолго ако се венчаат со интелигентна жена!

Отсекогаш постоела дилемата дали мажите сакаат да имаат убава сопруга покрај себе или интелигентна? Кој е пресудниот фактор? Научниците дошле до многу интересен заклучок кој подеднакво ќе ги заинтересира и жените и мажите. Имено, најновите истражувања покажале дека жената со голема интелигенција и остар ум може да му го продолжи животот на мажот. Освен тоа, таа помага и во спречување на појавата на деменција.

Научно докажано: Мажите живеат подолго ако се венчаат со интелигентна жена!

За целите на истражувањето, била испитувана здравствената состојба на еднојајчани близнаци и било докажано дека нивното меѓусебно влијание имало голем удел во развојот на нивните интелектуални способности. Оттука, научниците заклучиле дека мажите кои ќе се венчаат со паметна жена, живеат подолго и посреќно, а многу поретко заболуваат од Алцхајмерова болест и деменција.

Општо познато е дека интелектуално стимулативните игри ја спречуваат појавата на овие болести, бидејќи ја поттикнуваат работата на мозокот. Па така, логично е тоа што партнерот кој постојано го стимулира вашиот интелект, има огромно влијание на развојот на вашите когнитивни способности.

„Она што мажот треба да го направи за да живее подолго е да се ожени со интелигентна жена. Нема подобра превенција за деменција од интелигенцијата“, изјавил Лоренс Вејли, пензиониран професор по ментално здравје на Универзитетот Абердин.

Девојчињата кои имаат висока интелигенција стануваат одговорни и независни жени. Момчињата кои ја поседуваат оваа карактеристика исто така воспоставуваат здрави односи со жените и создаваат пријатна семејна средина за својата жена и деца.

За жал, идејата дека женската убавина треба да се вреднува повеќе од нејзиниот интелект и понатаму постои. Но, ова истражување докажува дека личноста која се грижи за интелигенцијата на својот партнер ќе биде во подобра позиција да се грижи и за неговото психичко и физичко здравје. А тоа би имало позитивно влијание на општеството во целина.

Во продолжение прочитајте и зошто мажите кои се венчаваат со покрупни жени имаат 10 пати посреќен живот од останатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар