Научно докажано: Кој облик на нос е најпривлечен за мажите?
Жените честопати се опседнуваат со нивниот нос, неговата големина, облик и никогаш не се задоволни од неговиот изглед. Без разлика дали другите црти на лицето им се совршени, имаат прекрасни облини и убава коса, тие сепак имаат намалена самодоверба само поради носот. Сите посакуваат мал, истакнат нос, со правилен облик. Па, од каде потекнува таа опседнатост со носот? Науката дошла до неверојатно откритие.
Имено, според едно неодамнешно истражување носот е показател на тоа дали одговарате како потенцијален партнер.
„Човечкиот нос е поголем од останатите црти на лицето, тој е нежен и лесно може да се скрши. Со текот на времето еволуирал во главната одлика според која луѓето го оценуваат квалитетот на една личност и прераснал во главниот фактор кој го одредува степенот на привлечност. Нашите резултати покажуваат дека привлечноста на лицето е зголемена ако врвот на носот е поставен централно во однос на другите црти на лицето“, изјавил еден од главните истражувачи.
Со други зборови, истражувањето покажало дека мажите ги привлекуваат жени чиј нос е централно поставен. Мажите имаат биолошки предиспозиции поради кои токму овие жени ги гледаат како потенцијални партнерки.
Тоа не е единствената работа која може да ја открие вашиот нос. Кога постарите луѓе се жалат дека го изгубиле сетилото за мирис, докторите знаат дека треба да бараат болести поврзани со меморијата, како што е Алцхајмерова болест. Исто така, тие откриле дека клетките во носот покажуваат одредени гени кои се користат при дијагноза на шизофренија.
И тоа не е сѐ! Друго истражување нашло поврзаност помеѓу секретот од носот и степенот на привлечност. Резултатите покажале дека крупните мажи имаат густ и жолтеникав секрет, додека, пак, послабите и попривлечните мажи имаат поредок и побистар исцедок.
Изгледа дека покрај сѐ опседнатоста со носот сепак е оправдана.
Факт до факт, шта речи.