Научно докажано: Кои луѓе најмногу лажат?

Научно докажано: Кои луѓе најмногу лажат?

Лагата знае да биде многу привлечно искушение и ретко кој успеал секогаш да ѝ одолее. Сепак, постојат луѓе кои лажат повеќе од останатите. Ќе останете изненадени кога ќе дознаете кои се тие! Логично е дека манипулаторите се едни од нив, но тука спаѓаат и некои други типови луѓе.

Научно докажано: Кои луѓе најмногу лажат?

Универзитетот во Санта Барбара, Калифорнија си поставил задача да спроведе истражување со цел да открие кои типови луѓе најмногу лажат. Еден од донесените заклучоци е дека манипулаторите се служат со лаги почесто од останатите и луѓето склони кон правење сплетки, што и не е толку чудно. Манипулаторите се луѓе кои пред сè мислат на себе, па автоматски помислуваме дека најголемите лажливци се луѓето на кои не им е гајле за другите луѓе. Но, тоа не е целосно вистина.

Имено, лажливци можат да бидат и луѓето кои премногу се грижат за другите, а она што им е најважно е какво мислење имаат другите луѓе за нив. Оваа карактеристика ги опишува луѓето кои постојано се грижат за тоа каков впечаток оставаат кај останатите.

Уште поголемо изненадување е заклучокот дека екстровертите лажат повеќе од интровертите. За да добијат што е можно поточни резултати, научниците го зеле предвид бројот на приликите кои ги имале екстровертите и интровертите да излажат (што е доста важно бидејќи екстровертите многу почесто имаат прилика да излажат со оглед на тоа што повеќе време се опкружени со луѓе), и потоа го поврзале со бројот на лагите кои ги кажале. Така дошле до заклучок дека екстровертите лажат во поголема мера од интровертните поединци.

Научно докажано: Кои луѓе најмногу лажат?

Но, зошто екстровертите лажат повеќе од интровертните луѓе?

„Веројатно поради тоа што ситните лаги им овозможуваат секојдневните друштвени интеракции да течат полесно и поедноставно. Екстровертите честопати не се ни свесни колку лажат“, вели психологот Бела де Пауло.

Уште една заедничка карактеристика на луѓето кои многу лажат е неодговорноста. Неодговорните луѓе лажат многу повеќе од одговорните и организираните луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар