Научно докажани факти кои воопшто нема да ви се допаднат

Научно докажани факти кои воопшто нема да ви се допаднат

Некои од овие факти ги знаете, но најверојатно ги занемарувате, како и поголемиот дел од современиот, забрзан свет. Денот никогаш не ни е доволно долг, секогаш имаме недостаток на сон, одмор и опуштање, немаме време да се занимаваме со себе, не се храниме здраво… Еве што ни откриваат научните истражувања.

1-nauchno-dokazhani-fakti-koi-mozhebi-nikako-nema-da-vi-se-dopadnat-www.kafepauza.mk_

1. Вежбањето не е доволно за да ослабите

Се вели дека со вежбањето би требало да ги истрошите калориите кои ги внесувате и дека е доволно само да го зголемите темпото и да се испотите во теретаната, за да го постигнете посакуваниот ефект. Но, тоа не функционира на тој начин. Односно, ќе забележите дека тоа не успева и воопшто не губите тежина, бидејќи како што наведуваат неодамнешните истражувања вашиот метаболизам се забавува кога ќе започнете да вежбате. Апсурдно, но вежбањето со кое би требало да ги согорите вишокот калории, само го забавува процесот на согорување. Со други зборови, диетата е неопходна – мора да јадете помалку, за да слабеете. Сепак, не би требало да го запоставите вежбањето, бидејќи е важно за целокупната здравствена состојба и кондиција.

2. Вештачката светлина во текот на ноќта е ризична за здравјето

Изложувањето на зрачењето од вештачката светлина од разни уреди кои во текот на ноќта остануваат вклучени го зголемува ризикот од рак на дојка, дебелеење, депресија. Тоа значи дека пред спиење треба да ги исклучите сите уреди. Навиката да заспиете пред вклучен телевизор или да го оставите мобилниот телефон вклучен покрај перницата е многу нездрава. Изложувањето на вештачка светлина пред спиење го попречува природниот ритам на телото, што доведува до намалување на хормонот мелатонин, кој ни помага да заспиеме.

3. Сончањето во солариум може да предизвика зависност

Можеби сте слушнале за современите облици на електронска зависност (од социјални мрежи, телефон, Интернет), но ова е новост – солариумот исто така може да предизвика зависност. Едно истражување кај личностите кои редовно користат солариум, утврдило појава на истите промени во мозокот кои се јавуваат кај наркоманите. Мозокот прави разлика помеѓу природното УВ зрачење и солариумот и тој реагира. Се шпекулира и за тоа дека и спреовите за потемнување се нездрави, заради хемикалиите кои предизвикуваат генетски мутации на телесните клетки, но тоа се само сомнежи кои сѐ уште не се докажани.

2-nauchno-dokazhani-fakti-koi-mozhebi-nikako-nema-da-vi-se-dopadnat-www.kafepauza.mk_

4. Витаминските додатоци се ризични

Неодамнешно истражување спроведено на околу 200.000 луѓе, покажало дека земањето витамински додатоци не само што не го продолжува животот, туку и активно го зголемува ризикот од смрт. Витамините создаваат „привидна неранливост“ и даваат „лажна“ сила и тој штит ве наведува да трошите повеќе енергија и да создавате невистинито убедување дека сте заштитени и дека вашиот имунитет е јак и неранлив. Исто така и психолошкото влијание има свој удел во помалата грижа за сопственото здравје.

5. Не се препорачува спиење со домашните миленици

Има застрашувачки примери – спиењето со домашните миленици ризикува да заболите од менингитис, грозница, глисти и бактериски инфекции. Како пример наведуваат човек кој спиел со своето куче кое му лижело некоја незаздравена рана и го заразил со менингитис и деветгодишно момче на кое мачката со која спиело му пренела грозница. Секако, овој ризик се намалува со соодветната грижа за својот домашен миленик, вакцинација и редовна посета на ветеринар.

3-nauchno-dokazhani-fakti-koi-mozhebi-nikako-nema-da-vi-se-dopadnat-www.kafepauza.mk_

Доколку сакате да дознаете уште неколку интересни факти, тогаш задолжително прочитајте ги овие научни факти кои ќе ве остават тотално зачудени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар