Научник од Перу открил генијален начин за прочистување на езерата

Научник од Перу открил генијален начин за прочистување на езерата

Со развојот на технологијата, експертите наоѓаат сè повеќе и повеќе загадувачи во океаните – од лекови и козметика, па сè до пестициди и нафта. Ја користиме свежата вода за фрлање хемиски и биолошки отпад толку долго, што наскоро ќе биде невозможно да најдеме чиста река или езеро. Кога Марино Морикава, научник од Перу, дознал дека езерото од неговото детство било екстремно загадено, решил да помогне.

Научник од Перу открил генијален начин за прочистување на езерата

Марино се откажал од неговото истражување во Јапонија и се вратил во Перу. Кога го здогледал езерото, 20 години после неговата последна посета, му изгледало како „езеро за оксидација“. Водата мирисала ужасно, а 150-те хектари водна површина на коишто се сеќавал, драстично се намалиле на 40 хектари. Тогаш сфатил дека мора да преземе нешто.

Марино е доктор по биоиндустриска наука, па го искористил неговото знаење за контрола на квалитетот на водата со цел да смисли нова технологија што ќе му помогне да го исчисти езерото Ел Каскахо. Тој земал пари од неговата лична заштеда, позајмил од неколку банки и почнал да работи на технологија што прави чуда.

Научник од Перу открил генијален начин за прочистување на езерата

Марино смислил наносистем при кој се додава раствор во загадената вода и се користат биофилтри.

„Микро-нано меурите од растворот имаат електромагнетно поле од позитивни и негативни јони кои работат како магнет. На патот до површината на водата, тие привлекуваат вируси и бактерии и ги фаќаат како во пајакова мрежа“, објаснил Марино.

На Марино му биле потребни 6 месеци да ја развие оваа уникатна технологија, а 4 месеци да ја исчисти целата површина. Како резултат, десетици видови птици се вратиле покрај езерото, како и 10 видови риби.

Научник од Перу открил генијален начин за прочистување на езерата

Покрај чистењето на езерото, научникот ја подигнал и свеста помеѓу луѓето во Перу и им покажал дека една личност може да направи многу за зачувување на околината. Со текот на времето, Марино собрал тим ентузијасти кои му помагаат во чистењето на локалните езера.

Марино признава дека неговата технологија е навистина скапа, но вреди. Растворот што го става во водата е 100% органски, а може и да се јаде. Привлекува „лоши“ бактерии и паразити, а ги чува „добрите“ микроорганизми кои придонесуваат за микрофлората во езерата. Керамичките биофилтри што Марино ги користи со растворот ги направил сам, на локални часови за грнчарство.

Научник од Перу открил генијален начин за прочистување на езерата

Заедно со неговиот тим, Марино има благородна цел да ги исчисти загадените езера со неговата патентирана технологија. Кога ќе земеме предвид колку е посветен овој талентиран научник, без сомнение ќе ги оствари неговите големи планови. Тој се надева дека сè повеќе и повеќе луѓе ќе сакаат да му се приклучат на неговиот тим.

Погледнете како вие можете да го намалите загадувањето на водата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар