Научниците веруваат дека го нашле лекот против ќелавост

Научниците веруваат дека го нашле лекот против ќелавост

Во едно истражување од Јужна Кореја, научниците успешно го „израснале“ изгубеното крзно на глувци. Тимот воден од професор Канг-Јел Чои создал нова биохемикалија која кога ја тестирале на глувци покажала обновување и растење на косата по само 28 денови.

nauchnicite-smetaat-deka-go-pronashle-lekot-za-kjelavost-kafepauza.mk

Таа работи на тој начин што спречува 2 протеини да се поврзат. Обично кога овие протеини се сврзуваат, тие го попречуваат делот од телото кој го контролира обновувањето на влакната и зараснувањето на раните.

Поради ова, хемикалија PTD-DBM ја спречила оваа појава и ѝ дозволила на косата нормално да се обнови. Кога научниците го комбинирале PTD-DBM со валпроична киселина, растењето на косата било уште побрзо.

„Откривме протеин кој го контролира растот на косата и создадовме нова супстанца која го промовира обновувањето на косата со тоа што ја контролира функцијата на протеинот. Се надеваме дека оваа нова супстанца ќе има придонес во создавањето на лек кој не само што ќе се справува со ќелавоста, туку ќе го забрза обновувањето на оштетеното ткиво“, изјавил Канг-Јел Чои

Следниот чекор во истражувањето е да се провери дали оваа хемикалија има некои несакани ефекти. Истражувањето е направено врз основа на друго истражување објавено во август, кое пронашло нов начин за активирање на матичните клетки и со тоа го поттикнува растот на косата. Еден од авторите на ова истражување, Ејми Флорес, изјавила:

„Со ова истражување откривме многу интересни и нови начини за активирање на матични клетки. Идејата за користење лекови за симулација на растот на косата преку матични клетки е навистина ветувачка кога ќе се земе предвид фактот дека милиони мажи и жени страдаат од ќелавост. Сметам дека само што почнавме да ја разбираме важната улога на метаболизмот во растот на косата, како и улогата на матичните клетки. Навистина се надевам на примена на овие откритија за борбата против ќелавост, но и многу други работи.“

Лековите не се тестирани на луѓе. Треба прво за се одобрат од администрацијата за лекови и да се прогласат како безбедни за луѓе.

Додека го чекаме лекот, погледнете ги овие совети за сопирање на опаѓањето на косата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар