Научниците сметаат дека ќе рекреираат живи диносауруси во наредните 5 до 10 години

Научниците сметаат дека ќе рекреираат живи диносауруси во наредните 5 до 10 години

Наводно, диносаурусите би можеле да се движат помеѓу нас за многу кратко време. Палеонтологот кој го инспирирал оригиналниот филм „Паркот Јура“ најавил истражувачки проект чија цел е да се вратат во живот овие суштества. Доктор Џек Хорнер смета дека научниците се на само 5 до 10 години од генетски инженеринг на диносаурус и негово враќање во живот.

Научниците сметаат дека ќе рекреираат живи диносауруси во наредните 5 до 10 години

Според еден извештај, Хорнер работи со научници од Харвард и Јејл и ги бара најблиските живи роднини на диносаурусите со надеж дека ќе ги создаде од нивните гени.

„Се разбира, птиците се диносауруси. Па, само потребно е да ги средиме за да изгледаат малку повеќе како диносауруси.“

Хорнер и неговиот тим започнале со модерната кокошка за која се смета дека е директен потомок на огромните ѕверови што некогаш владееле со Земјата. Хорнер се консултирал за сите филмови за Паркот Јура. Во едно интервју зад сцените од првиот филм во франшизата, Мајкл Крајтон признал дека херојот, доктор Алан Грант е спој од Хорнер и Филип Џ. Кјури.

71-годишниот палеонтолог изјавил дека кога прв пат почнал да работи на филмовите, верувал дека диносаурусите би можеле да се оживат на истиот начин како и во филмот – преку зачувана ДНК од фосили.

Но со текот на годините, тој и неговите колеги подобро разбрале како ДНК-та се распаѓа со текот на времето и заклучиле дека потребно е да пронајдат друг начин.

Според Хорнер, кокошката и многу други модерни птици го имаат генетскиот код на диносаурусите во нивната ДНК. Тој верува дека ќе можат да го манипулираат тој код и да го вратат назад процесот на еволуција. Односно, ќе ги присилат мутациите да покажуваат повеќе и повеќе древни карактеристики.

„Диносаурусите имале долги опашки, раце и дланки. Во текот на еволуцијата ги изгубиле опашките, а нивните раце и дланки се претвориле во крилја“, објаснил Хомер.

„Покрај тоа, нивната муцка е променета во денешен клун.“

Корнер се надева дека со неговата работа ќе најде начин да се вклучи прекинувачот и да се вратат овие карактеристики.

Хорнер цитирал истражување од 2015-та година како негов доказ за концептот.

„Она што го правиме е влегуваме во ембрионот кој само што почнал да се оформува и користиме некои од генетските маркери за да идентификуваме кога се вклучуваат и кога се исклучуваат одредени гени. Со одредување на вклучувањето на гените можеме да претпоставиме како ќе почне да се развива опашка. Ќе сакаме да го средиме тој ген за опашката да не престане да расте.“

Хорнер е целосно убеден дека некоја мешавина од кокошка и диносаурус ќе шета на Земјата за 10 години.

„Можеме да направиме птици со заби и можеме да ја промениме нивната уста. Всушност, крилјата и дланките не се толку тешки. Сигурно тоа ќе го направиме наскоро.“

Проектот не е едноставен и Хорнер додал:

„Опашката е најголемиот проблем. Но од друга страна сме биле во можност да направиме нешта што ни даваат надеж дека нема да ни биде потребно уште многу време.“

Прочитајте и некои од најпознатите митови за диносаурусите кои всушност не се точни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар