Научниците пронајдоа место на Земјата каде што не може да се развие живот

Научниците пронајдоа место на Земјата каде што не може да се развие живот

„Каде што има вода, има и живот“, вели една поговорка. „Не сосема“, велат француските научници во новата студија.

Научниците пронајдоа место на Земјата каде што не може да се развие живот

Под какви услови не може да се развие органски живот на Земјата? За да го откријат тоа, научниците се упатиле кон еден од најекстремните делови на планетата – топлите извори Далол во етиопската пуста котлина Данакил.

Топлите извори се сметаат за најжешките населени делови на светот, но не се уникатни само заради топлината. Целата област е исполнета со мали езера и со извори на исклучително кисела и солена вода, кои заедно со околното тло создаваат прекрасна палета бои – зелена, жолта, портокалова и кафеава.

Научниците пронајдоа место на Земјата каде што не може да се развие живот

Иако на прв поглед може да изгледа интригантно и убаво, целата област е многу неодржлива, а воздухот е токсичен поради вулканот кој лежи под егзотичниот релјеф.

Поради екстремните услови, областа отсекогаш ги фасцинирала научниците, а една експедиција во 2016 година била таму за да види дали може да се развие живот.

„Тоа е неверојатно, но непријателско место. Воздухот исполнет со хлор ги запали нашите дишни патишта. Ако овде постојат некои микроорганизми, тоа мора се екстрофилни микроби што би биле од голем интерес за астробиолозите“, рекол Фелипе Гомез, водачот на експедицијата од шпанскиот центар за астробиологија.

Научниците пронајдоа место на Земјата каде што не може да се развие живот

Тимот во заклучокот на студијата изјавил дека тие ги пронашле првите докази за живот во топлите и кисели извори, а тоа се микроорганизми со големина од околу еден нанометар.

Но, новата студија спроведена од француски научници го оспорува откритието за присуство на археи (прабактерии).

„Ги отфрламе неодамнешните тврдења за живот во полиекстремните извори Далол“, истакнал микробиологот Белил. „Дали има живот во овие базени? Ние велиме не и го тврдиме тоа врз основа резултатите добиени со комбинирани молекуларни и микроскопски техники“, изјавил францускиот тим.

Научниците пронајдоа место на Земјата каде што не може да се развие живот

И покрај откривањето на присуство на археите, француските научници истакнуваат дека тие не се домородни микроорганизми.

„Поголем дел од откриените микроорганизми се веќе добро познати и потекнуваат од нашата теренска или лабораториска опрема, додека остатокот од трагите на бактериски генетски секвенции се од далеку и доаѓаат од многубројните туристички посети“, објаснуваат во студијата.

Како што е наведено во заклучокот, резултатите покажуваат дека активен, природен микробиолошки живот не може да се најде кај овие извори и езера.

„Идентификувавме две главни физио-хемиски бариери што спречуваат појава на живот во ваквите води на Земјата“, велат научниците.

Едната бариера е магнезиумот кој е многу доминантен во растворите во езерата, што предизвикува распаѓање на клетките, а другата е токсичното ниво на комбинацијата од хиперацид и хиперсалин.

Погледнете го и овој природен резерват среде океан: Овој остров е вистински мал рај на Земјата!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар