Научниците откриваат: Што кажува за вас формата на вашите усни?
Научниците и физиономите сметаат дека устата е една од најважните карактеристики на кои треба да внимавате доколку сакате да го откриете карактерот на некоја личност. Ние ги искажуваме нашите мисли вербално, па правејќи го тоа откриваме нешто за нашиот карактер и за нашите психолошки особености. Погледнете дали точно ќе го оцените вашиот карактер според формата на вашите усни.
Полни усни
Луѓето кои ја поседуваат оваа форма се создадени за да се грижат за некого. Ако имате ваква усна, додека сте биле мали сигурно сте потрошиле многу време хранејќи улични мачиња или помагајќи во засолништа за животни. Имате силен мајчински инстинкт и сакате да ги штитите другите. Во стресни ситуации секогаш прво мислите на другите, па потоа за себе. Овие луѓе најчесто се одлични родители.
Горната усна е поголема од долната
Личноста која има вакви усни, едноставно сака да прави сцени. Тие се емоционални, харизматични, го сакаат животот и привлекуваат внимание. Имаат високо мислење за себе и имаат способност да ги привлекуваат другите. Тие обожаваат да се центар на вниманието. Најинтересните пресврти и шеги доаѓаат од нив.
Долната усна е поголема од горната
Бидете искрени, вие не сте за работа во канцеларија. Како може некој да седи цел ден кога има толку интересни работи надвор? Луѓето со вакви усни навистина знаат што значи вистинска забава. Вам ви е потребен енергичен животен стил, нови познаства, нови места за посетување и нови импресии. Вие сте љубопитни, социјални и отворени сте кон сè што е ново. Вие сте од оние личности кои ги водат другите во авантури.
Обични усни
Луѓето кои имаат усни кои изгледаат сосема обично се оние кои имаат балансиран и разумен пристап кон извршување на која било задача. Нивната сила е во способноста да ги слушаат другите. Ја прифаќаат критиката и ги почитуваат мислењата на другите. Речиси невозможно е да ги налутите. И покрај ова, тие сакаат да се шегуваат и да се смеат. Чашата кај нив е секогаш половина полна.
Тенки усни
Луѓето со тенки усни често се осамени. Тие едноставно го сакаат тоа. Исто така се потпираат на себе и можат да се справат со секој проблем. Ако имате тенки усни вие сигурно немате потреба од друштво за да одите во музеј или на некое далечно патување. Но и покрај вашата љубов кон самотијата, вас ви е удобно и кога сте со луѓе. Брзо наоѓате заеднички јазик со сите и ги цените луѓето за нивните постапки.
Прочитајте повеќе информации на следната страница…