Научниците откриваат: Мајките и ќерките имаат најцврста врска!
Сите ние имаме подеми и падови во нашите врски со родителите (особено во тинејџерските години), но не постои сомнеж дека врската помеѓу мајката и ќерката е нешто посебно. А сега, и научниците се согласуваат.
Според една неодамнешна студија објавена во журналот за невронаука, врската помеѓу мајките и ќерките е најсилна во однос на сите останати родител-дете врски. Во оваа студија, што била насочена кон откривање зошто одредени нарушувања на расположението (како депресијата), често се пренесуваат од мајките на своите ќерки, научниците направиле снимки со магнетна резонанса на 35 здрави семејства. Тоа што не очекувале да најдат, е дека мајките и ќерките имале слична анатомија кога станува збор за оние делови од мозокот што регулираат емоции.
„Оваа поврзаност беше значително поголема од онаа што ја најдовме меѓу мајките и синовите, татковците и ќерките и татковците и синовите“, велат истражувачите. „Со други зборови, мајките и ќерките имаат поголеми шанси да ги разберат нивните емоции и да се поврзат едни со други подобро отколку со кој било друг.“
Имајте го ова на ум следен пат кога вашата мајка ќе ви даде добронамерен совет што не сте го побарале. Таа можеби ве разбира подобро одошто вие самите се разбирате!
Каква мајка, таква ќерка: Погледнете ги и овие 20 неодоливи фотографии од мајки со нивните мини верзии.