Научниците откриваат: Читањето го продолжува животот
Научниците откриле дека читањето го продолжува животот, така што дефинитивно треба да грабнете некоја книга што е можно побрзо, пред да биде предоцна. Читањето може да ве направи попривлечни, да го намали нивото на стрес и да ја извлече најдобрата верзија од вас. Освен тоа, најновите истражувања откриле дека луѓето кои читаат живеат подолго од оние кои не читаат.
Нормално дека најкорисно е да се чита многу, но и ако читате само понекогаш подобро е отколку ништо да не читате. Истражувањето било спроведено од страна на Авни Бавиши, Мартин Д. Слејд и Бека Р. Леви од Универзитетот Јејл и резултатите покажале дека оние кои читаат книги 3 и половина часа неделно имаат 17% помал ризик од смрт во период од 12 години за разлика од оние кои не читале воопшто. Испитаниците кои читале повеќе од 3 и половина часа неделно имале за 23% помал ризик од смрт.
Овие резултати го надополнуваат истражувањето од февруари според кое членството во клуб за книги е корисно за здравјето. Истражувањето открило дека луѓето кои членуваат во најмалку две организации од каков било карактер имаат само 2% шанси за предвремена смрт во наредните 6 години. Оние кои се откажале од членството имале 6 пати поголеми шанси за предвремена смрт.
Воопшто не двоумете се дали да почнете со читање. Освен што ќе го збогатите вашето знаење, ќе го подобрите вашето здравје и ќе си го продолжите животот.