Научниците откриле зошто потешко ги помниме имињата на луѓето кои штотуку сме ги запознале
Сите сме се нашле во ситуација при запознавање со некого да не можеме да го запомниме името кое ни го кажале. Нели е малку непријатна ситуацијата кога сакате да му се обратите некому, а не можете бидејќи заборавивте како се вика? Научниците откриле зошто ни се случува ова.
Ако мислевте дека поради лошо помнење не ги помните имињата, грешите. Науката тврди дека проблемот не се крие во „квалитетот“ на вашата меморија, туку во вашиот недостаток на внимание односно незаинтересираност. Научниците од Универзитет во Канзас тврдат дека вашата вештина за помнење имиња зависи исклучиво од нивото на вашата заинтересираност. Кај секоја личност изразен е одреден вид помнење. Некој подобро помни броеви, друг датуми, во зависност од интересирањата. Луѓето кои се социјални полесно помнат имиња бидејќи навистина ги интересираат.
Луѓето што се занимаваат со политика, продажба или работат како професори и предавачи подобро помнат имиња бидејќи се свесни дека таквата способност е предност во нивната професија. Професор по психологија од Универзитетот во Канзас открива и кои се најдобри трикови за помнење имиња. Тој вели дека треба да обрнете внимание дали личноста со која се запознавате го кажува нејзиното име во истиот момент кога вие го кажувате вашето. Ако некого не сте го слушнале убаво, замолете го да го повтори името. Може и да дадете коментар како на пример: „Така се вика и мојот син“ или „Тоа е баш убаво име“.
Обраќајте ѝ се со име на личноста со која разговарате. Со помош на малку вежбање полесно ќе го запомните името на вашиот нов познаник. Исто така, луѓето сакаат кога другите им се обраќаат по име бидејќи тогаш чувствуваат дека соговорникот е заинтересиран за нив и за она што ќе го кажат.
Дознајте и кои се 15-те креативни начини за запознавање нови пријатели во возрасните години.