Научниците откриле зошто лебот секогаш паѓа на намачканата страна

Научниците откриле зошто лебот секогаш паѓа на намачканата страна

На сите ни се случило понекогаш лебот да ни падне од рака и да се преврти на намачканата страна. А кога тоа се случува, се прашуваме зошто паѓа токму на таа страна од лебот. Научниците го имаат одговорот на оваа мистерија.

nauchnicite-otkrile-zoshto-lebot-sekogash-pagja-na-namachkanata-strana-kafepauza.mk

Ако сте од оние луѓе на кои лебот постојано им паѓа додека појадуваат на маса, мала е веројатноста подот да ви остане чист, затоа што тој скоро секогаш ќе ви се лепи на намачканата страна.

Британскиот научник Роберт Метјуз, член на Кралското астрономско друштво и Кралското статитистичко друштво, добитник на Нобелова награда во 1996, нагласува дека лебот паѓа на намачканата страна поради „фундаменталната константа“ во универзумот, како што е гравитацијата.

„Лебот паѓа од масата на подот на намачканата страна затоа што универзумот е така создаден“ – изјавил Метјуз во своите истражувања.

Неколку години подоцна неговата теорија ја поткрепува со докази: резултатот од тестирањето на 9.821 парчиња леб, покажал дека 6.101 паднале на намачканата страна, што во проценти е 62%.

Иако големината и обликот на парчето леб, како и начинот на кој паѓа имаат одредена улога, во повеќето случаи главната причина е висината од која паѓа лебот.

Имено, лебот има време да направи само половина круг пред да падне на подот. За да направи целосен круг потребно е да паѓа од 3 метри висина или силата на гравитацијата да биде поголема.

Кога Метјуз и неговиот тим фрлале леб од висина на 2,4 метри, 47% од 2.000 парчиња леб паднале на сувата, на не намачканата страна од лебот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар