Научниците откриле антитела што напаѓа и уништува 99% од сите видови ХИВ вирус
Со помошта на генетскиот инженеринг, научниците откриле антитела што напаѓа 99% од ХИВ вирусот според првите истражувања направени на примати. Овој антивирус делува на 3 фундаментални делови на вирусот за безбедно да го отстрани.
Експертите велат дека ова се постигнало после долги години истражување. Кога вирусот е присутен, човечкиот организам создава одбрана која го напаѓа. Ова не е толку едноставно кога станува збор за ХИВ вирусот бидејќи тој мутира и се менува до тој степен што е непрепознатлив за телото.
Но, за големо изненадување на научниците, по неколку години со инфекцијата, некои пациенти развиле спектар од неутрализирачки антитела. Односно, одбрана која може да уништи голем дел од вирусот и да го спречи неговото ширење.
Користејќи го овој феномен како предност, научниците комбинирале 3 неутрализирачки антитела во 1.
„Развивањето на ефективна вакцина за СИДА е предизвик поради генетската разновидност и тешкотиите при генерирање неутрализирачки антитела. Направивме антитела кои ѝ дозволуваат на една молекула да делува со 3 независни ХИВ-1 детерминанти.“
Доктор Гери Набел изјавил дека резултатите биле неверојатни.
„За разлика од природните антитела, овој троен антивирус напаѓа неколку места од една молекула.“
Научниците експериментирале на 24 мајмуни и забележале дека ниту еден од нив не развил инфекција кога му бил инјектиран вирусот. Според извештаите, се очекува овие антитела да се тестираат на луѓе веќе следната година.