Научниците открија: Овие 3 намирници биле дел од секојдневната исхрана на стогодишниците!
Дали некогаш сте виделе постара личност толку полна со живот и младешка енергија што сте се запрашале која е нејзината тајна? Тоа е и прашањето што си го поставиле научниците кога решиле да истражат повеќе за животниот стил на најстарите луѓе во светот.
Притоа, било откриено дека нештата како исхраната, физичката активност, нивото на стрес и социоекономскиот статус играат голема улога во долговечноста. Заедничко за сите испитаници кои биле вклучени во испитувањето било дека ги консумирале следниве намирници:
Чоколадо
Според студијата објавена во списанието Antioxidants & Redox Signaling Journal чоколадото не само што е корисно за вашето срце туку може да помогне и во борбата против ракот и заразните болести поради неговите својства кои го стимулираат имунолошкиот систем. Освен тоа, темното чоколадо содржи моќни антиоксиданси кои можат да придонесат за подобро целокупно здравје кога се консумира во умерени количини. Овие антиоксиданси помагаат при намалување на воспалението, регулацијата на крвниот притисок и подобрувањето на функцијата на мозокот благодарение на нивните флавоноиди – состојки што придонесуваат за поздрав и подолг живот. Меѓутоа, важно е да се напомене дека не сите видови чоколадо даваат еднакви резултати. Темното чоколадо можеби е полно со антиоксиданси, но редовното консумирање на останатите видови чоколадо може да има повеќе штетни ефекти врз вашето здравје. Всушност, прекумерното консумирање шеќер може да го зголеми воспалението, шеќерот во крвта и крвниот притисок, па дури и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.
Маслиново масло
Исхраната на стогодишниците вклучувала и употреба на маслиново масло. Според нутриционистите, маслиновото масло содржи незаситени масти кои, пак, ви обезбедуваат доволно витамин Е, антиоксиданс кој го зацврстува имунолошкиот систем. Освен тоа, маслиновото масло може да го намали нивото на лошиот холестерол, а тоа може да доведе до помал ризик од срцеви заболувања.
Вино
Овој алкохолен пијалак е дел од медитеранската исхрана — начин на живот заснован на традиционалните кујни на земјите што излегуваат на Средоземното Море. Научниците тврдат дека овој тип на исхрана помага да се намали ризикот од срцеви заболувања, рак, дијабетес, прекумерна телесна тежина и когнитивни нарушувања. Кога станува збор конкретно за црвеното вино, пијалакот се поврзува со долговечноста доколку се консумира умерено.
Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и за тврдењето на експертите дека позитивните мисли можат да го продолжат животот за 7,5 години.
Извор: eatthis.com